Трета лигаФудбал

Управите на Брегалница Делчево и Малеш: Ќе навиваме братски, нема причини за натпревар од висок ризик!

Сподели
Сподели

В недела ќе се одиграат натпреварите од последното 9. коло со што ќе заврши есенската полусезона во Трета лига – Исток.

Пијанечко-малешевско дерби ќе се игра во Делчево, каде силите ќе ги одмерат Брегалница Делчево и Малеш од Берово, а на кое дерби на Градскиот стадион во Делчево се очекува околу 1.000 навивачи и љубители, со тоа што од Берово се очекува да пристигнат околу 200 до 250 навивачи, а кој како што велат од управата на клубот од Делчево ќе бидат топло пречекани.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, за што потврдија од Трета лига – Исток, овој натпревар е прогласен за натпревар од висок ризик, но денес од управата на Брегалница Делчево демантираат и во разговор за Спортска Мрежа истакнаа дека ќе навиваат братски со нивните соседи од Берово.

„Нема причини зошто овој натпревар да биде натпревар од висок ризик, ние со ФК Малеш имаме одлична соработка, минатата сезона им дадовме пет играчи на позајмица, на секој меѓусебен натпревар навиваме заедно, навиваме братски, навивачи на двете екипи и сите љубители на фудбалот седиме заедно на трибината и заедно навиваме. Гостинските навивачи ќе бидат топло пречекани. Очекуваме многу публика од пијанечко-малешевскиот регион. Имаме одлична соработка со сите клубови во нашиот регион. Ќе навиваме корекно, нека победи подобриот“, велат за Спортска Мрежа од управата на Брегалница Делчево.

И од гостинскиот тим од Берово истакнаа дека ќе се навива корекно и братски.

„Со сигурност Ви доловуваме дека дербито на истокот ќе биде токму тој натпревар! Натпреварите помеѓу овие два клуба привлекувале огромен број на фудбалски обожаватели, ние мотивирани со добра резултатска серија на победи, сакаме да истакнеме дека одиме мотивирани на тешкото гостување и се надеваме на позитивен резултатски исход. Но секако ја бараме вашата поддршка од трибините! Како и до сега не сме оставени сами, секогаш ни давате мотив за подобра игра драга публико, затоа недела ни сте потребни од кога и да било, за да можеме заедно и на гостински терен да славиме и заедно да се радуваме. Со екипита на Брегалница од секогаш сме негувале одлични пријателски односи , затоа треба дербито во неделата да биде со фер и коректно навивање“, се вели во соопштението на Малеш.


Натпреварот се игра в недела од 13 часот, а ова ќе биде соочување на второпласираната Брегалница со 14 бодови и Малеш кој е седми со 10 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!