Трета лигаФудбал

Овче Поле со дерби гостување кај Слога Виница, во Делчево ќе се соочат Брегалница и Малеш од Берово!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Викендот со натпреварите од 9. коло во Трета лига – Исток ќе заврши есенската полусезона. Без разлика на исхдот во последното деветто коло сигурно е дека Слога Виница ќе биде есенски шампион и за време на зимската пауза како што веќе најави Спортска Мрежа ќе се ангажираат неколку квалитетни играчи и во пролетниот дел Слога Виница ќе треба да го потврди првото место кое води кон баражот за Втора лига.

Изминатиот викенд Слога Виница го доживеа првиот пораз, откако беше поразена од Карбинци со 2:1 на гостински терен, но и така останува на првото место на табелата со 21 бод или четири повеќе од Овче Поле кој е втор со 17 бодови.

Последното деветто коло во Трета лига – Исток ќе биде затворено со дербито во Виница каде ќе се соочат лидерот Слога и Овче Поле од Свети Николе. Дерби на првиот и вториот на табелата, дерби за трите бодови. Дербито на колото е натпревар од висок ризик, ни потврди секретарот на Трета лига – Исток, Столе Тошев.

Тиверија сака сезоната да ја заврши со позитивен резултат, а мечот наместо во Струмица, ќе се игра на “Кукуш” во Турново во локално дерби со поранешниот прволигашот Хоризонт Турново. Овој меч требаше да се одигра на теренот со вештачка трева во Струмица, но како што дознава ексклузивно Спортска Мрежа, поради презафатеност на теренот, мечот ќе се игра на стадинот “Кукуш” во Турново.

Малешевско дерби ќе се игра во Делчево каде ќе се соочат Брегалница и Малеш од Берово, а деветтата рунда носи уште две локални дербија. Натпреварот е прогласен од висок ризик, а оваа информација ни ја потврди секретарот на Трета лига – Исток, Столе Тошев.

Светлост во Зрновци ќе го пречека тимот на Карбинци, додека пак Ударник во Пирава ќе игра против Дојранско Езеро.

Натпреварите се играат в недела од 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!