Турнири

Даниел Инженеринг го освои турнирот во Радовиш, Црна Река е втора! Фера најдобар голман, Ристов најдобар стрелец!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Даниел Инженеринг го освои турнирот во Радовиш откако во големото финале со 4:2 ја совлада екипата на Црна Река од Кавадарци.

Големото финале беше отворено со предност од два гола за освојувачот, а до крајот на првиот дел Црна Река намали на 2:1. Во второто полувреме тимот од Кавадарци успеа да дојде и до 2:2, а потоа Даниел Инженеринг стигна до конечните 4:2 и со тоа го освои „Шестоноемвриски турнир во мал фудбал Радовиш“.

За најдобар голман беше прогласен Енсар Фера од екипата на Даниел Инженеринг, најдобар стелец беше Игор Ристов од екипата на Фурна Марфи, а пак за најдобар беше прогласен Петар Ристевски од екипата на Црна Река. За најфер екипа на турнирот беше прогласена екипата на Вергови.

Спортска Мрежа ќе објави дополнително видео од атмосферата на турнирот во Радовиш од официјалниот дел и од доделувањето на наградите.

Спортска Мрежа медиумски го поддржа турнирот го мал фудбал “6-ти ноември 2024” во Радовиш, а кој имаше јубилеј од 10 години.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!