Фудбалерите на Башкими забележаа убедлива победа на пријателскиот меч со црногорскиот тим Рудар Пљевља, кој се одигра во рамки на зимските подготовки во Хрватска.
Македонскиот тим беше подобар со 3:0 против тимот од Црна Гора, откако во првиот дел мрежите на двете страни мируваат.
На стартот од вториот дел во 46. минута Анатолиј Петејчук постигна гол за водство на Башкими од 1:0, а по шест минути игра Луис Рибеиро погоди за двојна предност на прволигашот од Куманово.
Во 65. минута од средбата Ресул Мемети ги постави конечните 3:0 за висока и убедлива победа на Башкими, кој зимските подготовки одлучи да ги реализира во Хрватска.