Прва лигаФудбал

Брера Струмица го засили нападот со Јан Куаку

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Брера Струмица го промовира второто зимско засилување во пресрет на продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на струмичкиот прволигаш е 26-годишниот напаѓач Јан Куаку од Малави, кој веќе му се приклучи на тимот и тренира со екипата.

Куаку во Македонија доаѓа по една сезона помината во Гибралтар, каде настапуваше за прволигашот Европа Поинт. Во тамошниот шампионат одигра 13 натпревари, при што постигна два гола и запиша две асистенции, пред на почетокот на јануари да се раздели со клубот.

Кариерата на офанзивецот започнала во младинските категории на шпанска Хуеска, по што бил дел од Б-тимот на француски Ред Стар. Потоа следуваа интернационални авантури во Полска (Старовице), Молдавија (Пениа Енкарнада), Италија (Монтемилето), Шведска (Кируна), како и настапи во Андора.


Претходно, Брера Струмица се засили и со Леонардо Петровиќ, а во пролетниот дел од сезоната главна цел на клубот ќе биде опстанок во елитното македонско фудбалско друштво. Струмичани во моментов ги одработуваат зимските подготовки во Грција, каде што стручниот штаб ја темпира формата за клучните предизвици што следуваат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!