Прва лигаФудбал

Башкими го засили нападот со интернационалецот Азер Козиќ

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Екипата на Башкими продолжува активно да се засилува пред новата сезона во ПМФЛ, а најновото име во офанзивната линија е Азер Козиќ. Кумановскиот клуб официјално го претстави 24-годишниот централен напаѓач, од кого се очекува значаен придонес во напаѓачкиот дел од тимот.

Козиќ зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи во неколку европски и азиски шампионати. Фудбалската кариера ја започна во родната Босна и Херцеговина, каде беше дел од Игман, а потоа настапуваше и за младинските категории на Мостар, Орасје и Клис. Подоцна играше за Звијезда, по што следеше интернационален ангажман во Кутјево од Хрватска и Кети Бистрица во Словенија.

По враќањето во Звијезда, Козиќ направи чекор кон азискиот фудбал со трансфер во Талент од Киргистан, од каде сега пристигнува во редовите на македонскиот прволигаш Башкими.


Од клубот истакнуваат дека станува збор за напаѓач со изразен голгетерски инстинкт, физичка сила и меѓународно искуство, квалитети кои треба веднаш да донесат стабилност и ефикасност во офанзивата на „зелено-црните“.

Со ангажманот на Азер Козиќ, Башкими јасно покажува амбиции за конкурентна сезона и засилување на напаѓачкиот потенцијал на тимот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

Трета лигаФудбал

Борец е на врвот во Трета лига – Југ, ќе гледа ли Велес второлигашки фудбал следната сезона?

Велешки Борец е на врвот на табелата во Трета лига – Југ со 40 бодови на своето конто со учинок од 13 победи,...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!