Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров го дефинираше тимот: Македонија со една принудна измена тргнува по победа над Романија

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација денеска го игра клучниот натпревар од групната фаза на Европското првенство против селекцијата на Романија, во дуел кој носи голема резултатска и иднинска важност.

Селекторот Кирил Лазаров беше принуден на корекција во ростерот поради повредата на Петар Атанасијевиќ, чие место го зазема Гоце Ојлески, кој експресно се приклучи на тимот во Хернинг.

Во составот нема да конкурираат голманот Иван Галевски, пивотот Самоил Ристевски и левиот бек Дамјан Митев, додека Иван Џонов, и покрај одредени здравствени проблеми, е пријавен за настап.

Македонија со евентуален триумф сигурно би ја обезбедила третата позиција во групата, што значи бараж за Светското првенство 2027 и поволен статус во претстојната ждрепка.

Теоретски, постои и можност за пласман во главната рунда, но за тоа ќе биде потребна убедлива победа над Романија, како и соодветен исход од дуелот Данска – Португалија.

Избраниците на Лазаров влегуваат како фаворити, со оглед на позитивната традиција против романската репрезентација, но предизвикот ќе биде сериозен, особено против цврстата и дисциплинирана одбрана на противникот. Сепак, македонските ракометари знаат што е влогот и со јасна цел ќе излезат на терен – победа што носи надеж и чекор напред на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!