Прва лигаФудбал

ФОТО: Брера Струмица подготовките ги продолжува во Грција

Сподели
Сподели

Прволигашот Брера Струмица ги интензивира подготовките за продолжението од сезоната и главната фаза од зимскиот циклус ќе ја одработи во Грција.

Таму струмичани ќе имаат можност преку три пријателски натпревари да ја темпираат формата и да ја проверaт подготвеноста на ростерот. Брера ќе се тестира со грчкиот Ксанти, со Земун од Србија, а потоа и со Нестос.

“Генералката” ќе биде против бугарскиот тим Беласица Петрич.

Стручниот штаб предводен од Мартин Алаѓозовски ќе ја искористи оваа мини-камп фаза за да добие појасна слика за формата на играчите и опциите со кои ќе располага напролет.

ФОТО: ФК Брера Струмица

Струмичани веќе имаат еден контролен дуел зад себе, во кој во Скопје беа поразени од Шкендија со 3:0.

ФОТО: ФК Брера Струмица

Во пролетниот дел од шампионатот Брера ќе се потпира на млад состав, со јасна цел – обезбедување опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!