Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

ВЕЧЕР МИСЛИТЕ СЕ КОН ХЕРНИНГ: Македонија против Романија, надежта живее – математиката е сурова

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:00 часот во Хернинг го игра својот последен натпревар од групната фаза на Европското првенство, а влогот е поголем од обична победа. Противник е селекцијата на Романија, меч кој мора да се добие, но и меч по кој ќе се гледа кон резултатот од Данска – Португалија.

По херојското реми со Португалија, „црвено-жолтите“ ја задржаа шансата за пласман во главната рунда, но сценариото е комплицирано. Македонија има еден бод и негативна гол-разлика, што значи дека покрај победа над Романија, потребен е и убедлив триумф на Данска против Португалија. Само така може да се стопи разликата и да се дојде до место во ТОП 12.

Но, дури и без чудо, вечерва има што да се брани. Победа над Романија значи сигурно трето место во групата, што носи полесен пат во квалификациите за Светското првенство 2027 година – само еден бараж-натпревар и поволен статус при ждрепката.


Историјата со Романците ветува борба. Во шест официјални меѓусебни дуели, билансот е целосно израмнет, по три победи за двете селекции, со мала предност на Македонија во вкупната гол-разлика. Секој од тие натпревари носел неизвесност, а вечерва, иако на неутрален терен, улогата на фаворит мора да се потврди на паркетот.


Селекторот Кирил Лазаров ќе бара максимална концентрација, цврста одбрана и брз проток на топката во нападот. Победа сама по себе не е доволна – потребна е енергија, ритам и желба за што поголема разлика, па потоа поглед кон Данска и надеж дека „долгот“ од минатото ќе биде вратен.

Вечерва Македонија игра за повеќе од бодови. Игра за иднината, за позицијата, за верата дека и кога математиката е против нас – срцето знае да ја помести.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!