Втора лигаФудбал

ФОТО: Второлигашот Детонит Плачковица ги претстави Мирчевски, голманот Петревски, Христовски и Сулејмани

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш официјално ги потврди трансферите на четири фудбалери кои ги најави претходно Спортска Мрежа.

Се работи за повратникот Тони Мирчевски, голманот Павел Петревски, за Љупче Христовски и за младиот и талентиран Омер Сулејмани.

29-годишниот Мирчевски се враќа во Детонит Плачковица, тој во минатото настапуваше за радовишкиот второлигаш и беше дел од златната генерација која го испиша најголемиот резултат во радовишкиот фудбал – трето место во Втора лига и бараж за влез во Прва лига. Мирчевски се враќа во добро позната средина, бидејќи во минатото настапуваше и за Плачковица од Радовиш, доаѓа од редовите на второлигашот Слога Виница.

Низ својата кариера има настапувано и за Воска Спорт од Охрид, штипска Брегалница, Борец, за Брегалница од Делчево, Скопје, Вардар и Цементарница 55.


Христовски, исто така доаѓа од Слога Виница, 21-годишниот струмичанец во минатото беше дел и од Беласица, има настапувано и за младинските категории на Брера Струмица.

Меѓу новите имиња во Детонит Плачковица е и голманот Павел Петревски, а клубот од Радовиш се засили и со 18-годишниот талент Омер Сулејмани кој доаѓа од редовите на прволигашот Македонија ЃП, а кој има дебитирано и во Првата македонска фудбалска лига во дресот на „лавовите“.

Детонит Плачковица претходно, како што објави Спортска Мрежа се раздели со Валентин Кочоски, Давид Велковски, Мартин Пивковски и голманот Стефан Нанчовски.


Клубот води преговори за уште неколку засилувања, кои според информациите на Спортска Мрежа би требало да бидат промовирани во текот на следната недела.

Детонит Плачковица важи за стабилен второлигаш кој константно има одлични резултати во Втората лига и секогаш е при самиот врв.

Радовишани под водство на стратегот Горан Здравков работат под „полна пареа“, а во пролетниот дел тимот значително освежен и засилен ќе атакува на што повисок пласман. Пролетниот дел радовишани го отвараат против Големо Коњари на домашен терен.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!