Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија пред голем предизвик: Данска на стартот од ЕП, историјата и прогнозите не се на наша страна

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) во Хернинг ќе го отвори настапот на Европското првенство со дуел против актуелниот светски и олимписки шампион Данска. „Црвено-жолтите“ влегуваат во уште еден голем шампионат со јасна желба за докажување, иако бројките, историјата и прогнозите не одат во нивна полза.

Македонија и Данска досега одиграле осум меѓусебни натпревари на големи турнири и квалификации, а само еднаш нашата селекција излегла како победник. Тој триумф се случи во Скопје во 2021 година, во квалификациите за Европското првенство, и тоа на дебито на Кирил Лазаров како селектор, кога Македонија славеше со 33-29. Од друга страна, најболниот пораз останува оној од ЕП 2012 во Белград, кога Данска победи со 33-32, во меч кој многумина и денес го паметат како една од најголемите пропуштени шанси во нашата репрезентативна историја.

Сите останати дуели завршија во корист на Данска, што јасно зборува за квалитетот и континуитетот на скандинавската ракометна сила. Сепак, македонската репрезентација и во минатото знаела да ги помести границите, па иако победа на данско тло би била вистинска сензација, таа не се смета за невозможна мисија.

Дополнителен притисок носат и прогнозите на експертите. Според анализите на Европската ракометна федерација, Македонија има само 8,9% шанси за пласман во втората фаза од шампионатот, додека за четвртфинале речиси и да не ѝ се даваат изгледи. Само неколку селекции имаат пониски проценти, а Данска и Франција се означени како главни фаворити за златниот медал. Според форматот на натпреварување, само двете најдобри селекции од секоја група ќе продолжат понатаму, додека останатите ќе го завршат настапот по групната фаза.


И покрај тоа, поддршката нема да изостане. Неколку стотици македонски навивачи ќе бидат присутни во „Јиске Банк Боксен“ арената, каде салата ќе биде исполнета до последно место. „Фалангата“ планира организирано собирање во фан-зоната уште два часа пред почетокот на натпреварот, со цел да даде силен ветар во грб на избраниците на Лазаров.

Овој натпревар воедно е и почеток на деветтиот настап на Македонија на Европските првенства, приказна што започна уште во 1998 година во Италија, мина низ историското петто место во Србија во 2012, падовите и подемите во следните изданија, па сè до обидот за нов чекор напред на шампионатот кој се одржува во Данска, Шведска и Норвешка.

Историјата, статистиката и прогнозите се на страната на Данска, но ракометот честопати знае да пишува поинакви приказни. Македонија ќе излезе на терен со верба, карактер и поддршка од трибините – а токму таму често почнувале најголемите изненадувања.


Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва од 20:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!