Втора лигаФудбал

Второлигашот Детонит Плачковица утре ги стартува подготовките на Градскиот стадион во Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена дозвола!
Сподели

Стратегот Горан Здравков утре ќе ја има првата прозивка со која Детонит Плачковица ќе означи старт на зимските подготовки.

Второлигашот Радовиш утре на Градскиот стадион ќе го одработи првиот тренинг, откако претходно Здравков ќе има состанок со играчите на кој треба да биде соопштен планот за подготовки со одигрување на пријателските натпревари, како и целите за пролетниот дел.

Според информациите на Спортска Мрежа ќе има неколку промени во ростерот, односно ќе има неколку заминување и неколку нови играчи кои во следните денови ќе бидат промовирани. Според нашите информации едно сигурно заминување е Валентин Блажески кој нема да го носи дресот на второлигашот од Радовиш во пролетниот дел, за што веќе објави Спортска Мрежа.

Детонит Плачковица есенскиот дел го заврши на седмото место со 26 бодови на своето конто, а пролетниот дел го отвара во Радовиш против Големо Коњари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!