ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Сподели
ФОТО: HŠK Posušje
Сподели

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје, откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката.

Иако договорот со босанскиот прволигаш беше активен до крајот на сезоната, 25-годишниот чувар на мрежата од Куманово реши шест месеци порано да ја заврши својата авантура во Премиер лигата на БиХ.

Ангажманот во Посушје беше прво интернационално искуство во кариерата на Денковски, кој претходно настапуваше исклучиво во домашниот шампионат.

Во Македонија беше дел од неколку клубови, меѓу кои Вардар, Шкупи, Брегалница, Брера и Кит-Го Пехчево, градејќи континуитет и искуство на прволигашко ниво.

По раскинот на договорот, Денковски моментално е слободен агент и во наредниот период се очекува да донесе одлука за следниот чекор во кариерата, со цел да ја продолжи формата и да добие нов предизвик во 2026 година.

Сподели

Не пропуштајте

Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

„Секогаш може подобро, но ова е добра увертира за ЕП“ – Галевски по победата над Украина

Македонија забележа пресврт-победа над Украина во второто коло од „Жолтиот Куп“, по влегувањето на Иван Галевски на голот на стартот од второто полувреме....

Европско првенство 2026РакометРепрезентација

Хрватска на ЕП без ракометарот на Охрид – објавен конечниот список на Сигурдсон

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави конечниот список на ракометари за претстојното Европско првенство, што ќе се игра од 15 Јануари до...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Искусниот дефанзивец Виктор Велкоски е слободен агент – постои интерес за неговиот потпис!

Искусниот дефанзивец Виктор Велкоски повеќе не е дел од прволигашот Работнички како...

Втора лигаФудбал

Филип Димоски ќе биде ново засилување на Осогово од Кочани!

Филип Димоски брзо пронајде нова средина по разделбата со прилепска Победа и...

Втора лигаФудбал

Алексовски распали: Дете сум на Брегалница, а ме понижија без причина – Пеле играл и пак ќе игра!

Разделбата меѓу Брегалница и Дарко Алексовски – Пеле доби нова димензија откако...

Втора лигаФудбал

Брегалница се раздели со Дарко Алексовски – Пеле, фудбалерот изненаден!

Пред почетокот на зимските подготовки второлигашот Брегалница од Штип се раздели со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!