Младински фудбалФудбал

ФК Марадона Штип – ново поглавје во развојот на младинскиот фудбал

Сподели
Сподели

Штипската фудбалска сцена доби нов и амбициозен проект, откако официјално беше најавено отворањето на фудбалската школа ФК Марадона Штип. Станува збор за школа која се темели на сериозна работа, континуитет и јасна визија за развој на младите фудбалери.

Тренерскиот тим и децата успешно соработуваат уште од 2019 година, во рамки на ФК Брегалница Штип, а од оваа година, водени од стремежот кон подобра организација, поголема функционалност и уште поквалитетен пристап во работата, се одлучија за нов чекор.

„Тимот на тренери и децата успешно функционираат заедно уште од 2019 година, под капата на Брегалница Штип. Оваа година, водени од желбата за подобра организација, поголема функционалност и уште посериозен пристап кон развојот на младите фудбалери, се одлучија за нов предизвик – приватизација, ребрендирање и отворање на сопствена фудбалска школа со свое име и терен“, велат од ФК Марадона Штип.

Важно е да се нагласи дека тренерскиот кадар останува непроменет, што гарантира континуитет и стабилност во работата со младите категории. Основач и координатор на ФК Марадона Штип е Дарко Митев, лиценциран фудбалски тренер, магистер по спорт и долгогодишен наставник во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, кој годинава беше прогласен и за Наставник на годината.


Тренерскиот тим дополнително го сочинуваат – Јордан Смилевски, во процес на стекнување А-лиценца, Дарко Николов и Марио Митев, носители на C-лиценца и во процес на добивање B-лиценца.

Голем дел од младите фудбалери кои досега беа дел од проектот продолжуваат да тренираат и да се натпреваруваат и понатаму, овојпат под новото име, со јасна стратегија за учество на повеќе турнири, натпреварувања и натамошен индивидуален и колективен напредок.

ФК Марадона Штип ја започнува својата приказна со јасна мисија – создавање здрави спортски навики, правилен фудбалски развој и воспитување на нови генерации фудбалери.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!