Останато

Штип УГД лидер по есенскиот дел во машката одбојкарска лига, Струмица и Работнички го следат ритамот

Сподели
ФОТО: Одбојкарски клуб Штип УГД
Сподели

Сите клубови кои се дел од Првата машка одбојкарска лига и официјално заминаа на зимска пауза, откако првиот дел од сезоната беше комплетиран минатиот викенд.

По завршувањето на лигашката фаза, во најсилното друштво нема екипа без пораз. Штип УГД ќе ја мине зимската пауза на лидерската позиција, а единствениот пораз го претрпе од актуелниот шампион Струмица со 3:2, и тоа на домашен терен. Освен овој натпревар против бранителот на титулата, штипјани на сите останати средби имаа максимален учинок и како првопласирани ќе влезат во плеј-офот.

Струмица го зазеде второто место на табелата. Иако сезонава настапува со подмладен состав, шампионот одигра три натпревари решени во пет сета. Струмичани доживеаја пораз од ГОК Борец, но славеа против Штип УГД и Шкендија, вклучувајќи ја и победата во последното коло.

Во групата на екипи кои најавуваат борба за висок пласман се и Работнички 71&22 и ГОК Борец. Двата тима со прикажаната игра и резултатите потврдија дека ќе бидат сериозни ривали во продолжението од сезоната. Пласман во плеј-офот изборија и Универзитет во Тетово и Сушево, кои со стабилни настапи ја заокружија есенската полусезона.

Во плеј-аут фазата ќе настапат Лирија, Шкендија, Македонија Џио, Весна Провиштип, Јанта Волеј и Скопје.

Според пропозициите на натпреварувањето, по завршувањето на првиот дел од сезоната, првите шест екипи продолжуваат во плеј-оф фазата, при што ги пренесуваат бодовите освоени во лигашкиот дел. Натпреварите ќе се играат двокружно, по системот „секој со секого“, а четирите најдобри екипи ќе обезбедат пласман во полуфиналето и ќе се борат за шампионската титула.

Екипите пласирани од седмото до дванаесеттото место ќе ги пренесат бодовите и ќе разигруваат во плеј-аут фазата, каде ќе се игра двокружно (дома и гости), по што ќе се добие конечниот пласман во првенството.

Вториот дел од сезоната во машка конкуренција ќе започне на 24 јануари 2026 година.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!