Останато

Симеонов најуспешен на „Струмица Гран При“ – турнир во стандарден шах

Сподели
ФОТО: Шаховски клуб Цареви Кули
Сподели

По девет одиграни кола, успешно заврши турнирот „Струмица Гран При“ во стандарден шах (90 минути плус 30 секунди по потег), на кој настапија вкупно 30 шахисти од регионот.

Со освоени 7,5 поени, првото место и победничкиот трофеј му припадна на Мирко Симеонов, кој уште еднаш ја оправда улогата на прва табла на ШК „Цареви Кули“.

Второто место го освои Ацо Атанасов со 7 поени, кој остана во сериозна трка за врвот сè до последното коло и со своите партии потврди дека припаѓа меѓу најконстантните учесници на ваквите натпреварувања.

На третата позиција заврши младиот Доне Ангелов со 6,5 поени, заокружувајќи одличен настап и испраќајќи јасна порака дека младата шаховска генерација во Струмица веќе бележи конкретни резултати и успешно се наметнува на турнирската сцена.


Турнирот „Струмица Гран При“ уште еднаш понуди квалитетни партии, неизвесна борба и одлична шаховска атмосфера, а организаторите најавуваат продолжување на Гран При серијата и нови возбудувања на шаховските табли во периодот што следува.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!