ОстанатоФудбал

„Комити“ за Рингов: Човек со став, додека многумина стоеја на страна!

Сподели
ФОТО: Комити Скопје
Сподели

Македонскиот фудбал денес загуби голема легенда. По кратко боледување, на 70-годишна возраст почина Васил Рингов – име што засекогаш ќе остане врежано во историјата на Вардар и македонскиот фудбал.

Меѓу првите кои јавно се простија од фудбалскиот великан беа навивачите на Вардар, „Комити“, кои со емотивна порака се поклонија пред ликот и делото на човекот што беше многу повеќе од фудбалер.

Васил Рингов беше синоним за Вардар, за ефектни голови, за фудбал со душа и карактер. Во „црвено-црниот“ дрес одигра над 200 натпревари и постигна речиси 100 погодоци, оставајќи длабока трага како еден од најдобрите стрелци и играчи во историјата на клубот.

„Толку тешко ви паѓа за Вардар? – Многу! Со огромна тага се збогуваме со една од најголемите легенди на клубот, од човекот со кој израснаа генерации, дел гледајќи го, дел растејќи со приказните за него, од човекот кој имаше став додека многумина стоеа на страна, од големиот Васил Рингов! Изразуваме сочувство до семејството и пријателите, до целата црвено-црна јавност, затоа што оваа болка е заедничка! Ние не забораваме, вечно ќе се помни Ринговата мајсторија“, се вели во соопштението на „Комити“.

Во својата богата кариера настапуваше и за Беласица, Партизан, Тетекс, Динамо Загреб и германски Ајнтрахт Брауншвајг, а по завршувањето на играчките денови остана верен на Вардар – како тренер и како претседател. Беше дел и од историската шампионска генерација во 1987 година, иако играше повреден, покажувајќи што значи вистинска посветеност.


Рингов не беше само фудбалска икона – беше човек со став, со принципи и со огромно влијание, нешто што навивачите никогаш нема да го заборават.

Македонскиот фудбал загуби легенда. Вардар загуби дел од својата душа.
Но, Рингов ќе живее вечно – на трибините, во приказните и во срцата на црвено-црната фамилија.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!