Трета лигаФудбал

Кои третолигаши се откажаа од натпреварување?

Сподели
ФОТО: ФК Св. Троица - Охрид
Сподели

Есенскиот дел кај дел од третолигашите беше навистина турболентен, откако дел од нив се соочија со финансиски проблеми, дел и со проблем да соберат доволно играчи.

Во петте региони на Третата македонска фудбалска лига настапуваа и поранешни прволигаш, второлигаши, настапуваа екипи кои играле во Европа, поранешни вицешампиони, но и клубови кои и по првпат се појавија и во третолигашкото друштво. Екс прволигашоте Хоризонт Турново, Еуромилк ГЛ, кичевски Напредок се само дел од поранешните прволигаши…

Пред почетокот на сезоната во Трета лига – Југ екипата на Слога од Лажани се откажа и не ј започна воопшто сезоната иако тимот беше во ждребот за распоредот. Тоа предизвика да има во секое коло во Трета лига – Југ една екипа слободна, а со натпреварување продолжија 13 екипи.

Но, и претходната сезона 2024/2025 овој регион го имаше истиот проблем, тогаш со екипата на Марена.

Најмал регион е Трета лига – Југозапад кој брои само десет екипи, по влезот на Преспа во Втора лига и откажувањето на Евротип Онлајн со натпреварување откако спонзорот го презеде второлигашот Новаци во овој регион се приклучија неколку новајлии.

Во Трета лига – Исток наместо 12 екипи како што требаше една екипа воопшто и не се пријави. Станува збор за Вардарски од Богданци, тим кој лани настапуваше во Втора лига и испадна експресно немаше сили да продолжи со натпреварување во Трета лига – Исток, па така во овој регион се натпреваруваат 11 екипи и во секое коло има по една слободна екипа.


Во Трета лига – Запад по неколку кола се откажа тимот на Зајаз, па така и во овој регион кој започна со 12 екипи продолжи со екипа помалку и во секое коло има по еден тим кој е слободен.

Единствено во Трета лига – Север има 14 екипи каде е навистина силна конкуренцијата и за првото место и баражот за Втора лига, но и кога е во прашање опстанокот во Трета лига – Север.

Не е исклучена можноста и за неколку други екипи да се откажа со понатамошно натпреварување, најчест проблем се финансиите, но и играчкиот кадар. Во изминатите сезони „традиционално“ екипи кои се на дното знаеле да се „распаднат“ и да се откажат од понатамошно натпреварување.

Ќе видиме што ќе донесе пролетниот дел, дали и колку екипи ќе продолжат со натпреварување.


Во Трета лига – Исток на дното се Дојранско Езеро и Светлост од Зрновци со по четири бодови како и Малеш со пет бодови, со тоа што тимот од Зрновци е единствениот без триумф.

Во Трета лига – Запад лоша есен имаше Љуботен кој заврши на дното со пет бодови, а пак на Северот катастрофална есен имаше екс второлигашот Кадино со пет бодови на дното.

Велешта забележа една победа во Трета лига – Југозапад, но откако еден меч не одигра три бодови беа одземени од контото на тимот, па така сега Велешта е на дното без бодови. Во Трета лига – Југ катастрофална есен имаше Дреново кој се наоѓа на дното со само еден бод.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!