Ракомет

Сигурен триумф за зелено-белите на крајот од годината

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер со убедливо второ полувреме стигна до победа над Тиквеш од 29-21 и со триумф ја заврши 2025 година. Клучниот момент се случи по паузата, кога „зелено-белите“ за краток период направија серија што целосно го скрши отпорот на гостите од Кавадарци.

Иако битолчани настапија без Радивојевиќ, Манасков и Хосни, првите 30 минути не навестуваа лесна задача. Тиквеш долго време имаше резултатска предност, а во 20. минута поведе и со 9-6. Сепак, домаќините успеаја да го стабилизираат ритамот и со мини-серија пред крајот на полувремето да заминат на одмор со 12-10.

Продолжението донесе сосема поинаква слика. Пелистер ја подигна агресивноста во одбраната и со брзи голови направи серија што донесе двоцифрена предност (25-15), по што исходот беше решен. До крајот разликата само се зголемуваше, а натпреварот мирно беше приведен кон крај.

Со оваа победа, Еурофарм Пелистер останува втор на табелата со четири бода помалку од лидерот Вардар, додека Тиквеш ја завршува годината на петтата позиција со 18 бодови, колку што има и Бутел.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Баламов Компани и Кафе Бар Проект со високи победи на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ беа одиграни четири натпревари. Кај јуниорите во генерација 2016/2017 екипата на Жила Стојаково со 11:0...

Младински фудбалФудбал

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 започнуваат соработка

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 постигнаа договор за идна соработка, со цел унапредување на развојот на младинскиот фудбал и...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Куманово – Струга

Дерби од долниот дел на табелата ќе играат Куманово и Струга во...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Радовиш – Охрид

Охрид како апсолутен фаворит гостува во СРЦ „25 Мај“ каде ќе се...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Тиквеш

Шампионот Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе игра против Тиквеш во последното...

Ракомет

Тузолана останува верен на Вардар до 2027 година

РК Вардар ја продолжи соработката со левото крило Џуниор Тузолана, кој ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!