Прва лигаФудбал

Вилдан Салиу: Нашиот план за пролетта е јасен и добро структуриран

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Актуелната сезона за Арсими претставува многу повеќе од обично деби во Првата фудбалска лига на Македонија. Како нов тим во елитата, клубот влезе во натпреварувањето со респект кон секој противник, но без страв од имиња или предизвици, покажувајќи уште од првиот натпревар карактер, тактичка дисциплина и целосна доверба во сопствената фудбалска филозофија.

Арсими го избра потешкиот, но и поискрениот пат, офанзивен, храбар фудбал со јасна идеја на игра, без затворање и без отстапување од принципите, без разлика на противникот. Позитивните резултати не беа случајност, туку резултат на секојдневна работа, голема жртва и исклучително единство меѓу фудбалерите, стручниот штаб и клубот.

Оваа сезона на тимот му донесе драгоцено искуство, самодоверба и силна мотивација за иднината, потврдувајќи дека Арсими не е во елитата само за учество, туку за сериозна конкуренција и оставање трага.

Тренерот на Арсими, Вилдан Салиу, истакнува дека клубот има јасен и структуриран план за пролетниот дел од сезоната.

“Нашиот план за пролетта е јасен и добро структуриран. Заедно со раководството, како стручен штаб ќе направиме детална анализа на целата сезона од тактички, индивидуален и организациски аспект. Ќе го оцениме секој сегмент од играта, од офанзивната до дефанзивната фаза, како и вкупната рамнотежа на екипата.”


Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 започнуваат соработка

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 постигнаа договор за идна соработка, со цел унапредување на развојот на младинскиот фудбал и...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија доколку се пласира на СП 2026 ќе добие 10,5 милиони

Светското првенство во фудбал во 2026 година нема да биде историско само по проширувањето на бројот на учесници, туку и по финансиските придобивки...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 започнуваат соработка

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 постигнаа договор за...

Прва лигаФудбал

Прволигашот Брера Струмица остана без најдобриот играч за пролетниот дел!

Прволигашот Брера Струмица во пролетниот дел ќе влезе со неколку промени во...

Прва лигаФудбал

Македонскиот шампион ќе добие нов пехар, ФФМ распиша конкурс за идејно решение за изработка на пехар

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение...

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: По лошиот старт, АП Брера имаше задоволителни настапи оваа есен

АП Брера го заокружи првиот дел од првенството на седмата позиција со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!