Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: По лошиот старт, АП Брера имаше задоволителни настапи оваа есен

Сподели
Сподели

АП Брера го заокружи првиот дел од првенството на седмата позиција со освоени 19 поени. Ако се земе во предвид лошиот старт во првите неколку кола, потоа струмичани покажаа завиден квалитет и направија неколку пријатни изненадувања.

Тимот на АП Брера славеше против Струга Трим Лум на гости, а успеа да ремизира и против лидерот Вардар во Скопје. Сето ова, надоврзано и со неколку победи пред своите гледачи, го извлекоа тимот од долниот кон средишниот дел на табелата.

Мартин Алаѓозовски го наследи Панче Стојанов на почетокот на септември и седна на клупата на натпреварот против Шкупи. Успеа да го подигне тимот кој почна да бележи многу подобри резултати.

„По лошиот старт на сезоната, АП Брера успеа да се консолидира и на клупски план што се однесува до малите финансиски проблеми, но и да го реорганизираме тимот. Мора да истакнам дека шанса добија многу млади фудбалери и ја искористија во целост. Одигравме неколку навистина квалитетни натпревари и треба да се гордееме со триумфот над Струга Трим Лум на гости, како и со ремито против Вардар во Скопје. Тогаш фудбалерите сфатија дека можат да се надигруваат и со најдобрите, а токму тоа е и нашата филозофија, да се обидеме да играме фудбал против сите екипи во првенството. Бодовите секако се награда за добрите игри. На крајот, кога ќе анализираме, АП Брера може да биде задоволна од сегашната позиција на табелата, со оглед на лошиот старт, но и напролет треба да бидеме уште подобри, затоа што шампионатот е долг, а нашата цел е да оствариме опстанок“, изјави тренерот Мартин Алаѓозовски.

Се очекува и освежување на играчкиот кадар во текот на зимскиот преоден рок.

„Ќе нѐ напушти Фахд Нзенгуе, напаѓачот кој беше еден од носителите на играта во есенскиот дел од првенството. Неговиот договор истекува и тој одлучи да побара нов предизвик. Заминуваат уште неколку од странците, но верувам дека раководството ќе доведе соодветни замени и нови засилувања, со кои ќе бидеме конкурентни на сите позиции и во вториот дел од првенството“, истакна шефот на стручниот штаб на АП Брера.


Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 започнуваат соработка

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 постигнаа договор за идна соработка, со цел унапредување на развојот на младинскиот фудбал и...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија доколку се пласира на СП 2026 ќе добие 10,5 милиони

Светското првенство во фудбал во 2026 година нема да биде историско само по проширувањето на бројот на учесници, туку и по финансиските придобивки...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 започнуваат соработка

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 постигнаа договор за...

Прва лигаФудбал

Прволигашот Брера Струмица остана без најдобриот играч за пролетниот дел!

Прволигашот Брера Струмица во пролетниот дел ќе влезе со неколку промени во...

Прва лигаФудбал

Македонскиот шампион ќе добие нов пехар, ФФМ распиша конкурс за идејно решение за изработка на пехар

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение...

Прва лигаФудбал

Вилдан Салиу: Нашиот план за пролетта е јасен и добро структуриран

Актуелната сезона за Арсими претставува многу повеќе од обично деби во Првата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!