ФудбалФутсал

Висока победа за Овче Поле, трите бодови останаа во Битола, ССК Скопје ја доби голеадата со Фудбал Старс

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Поранешниот прволигаш Овче Поле вечерва на домашен терен со „лото“ победа од 7:1 го декласираше „фенерџијата“ Карадаку во рамки на 8. коло на Втората футсал лига.

Со погодоците на Лука Наумов и Аки Мемедалиев домаќинот имаше 2:0 на полувреме, а во вториот дел постигна уште пет гола преку Климент Ѓошев, Икица Јованов, Роберто Андонов и Марио Јанев кој беше двоен стрелец.

За гостинскиот тим Зејнула Мустафи беше единствен стрелец, кој постигна утешен гол за неговиот тим кој одново се соочи со висок пораз.

ССК Скопје ја доби голеадата со Фудбал Старс откако славеше домашна победа од 9:7. Снатијаго Ариф и Спасе Здравевски постигнаа по три гола за домашниот тим, а пак Бранко Ѓуровски беше двоен стрелец, а еден гол постигна Несим Сулејман.

За тимот од Кочани со три гола се истакна Драган Трајчов, Давид Тренчев имаше два гола, а пак по еден гол постигнаа Драган Гаврилов и Христијан Крстов.


Трите бодови вечерва останаа во Битола откако Конзули со 6:4 го доби Кратово. Двојни стрелци за домашниот состав беа Темур Емини и Марјан Јовановски, а по еден гол постигнаа Игор Скепаровски и Аднан Агушевски.

За тимот на Кратово во првиот дел стрелаа Димитар Стојановски и Дамјан Ивановски, а во вториот дел погодија Горан Арсовски и Давид Стојановски.

Вчера, СЕЕ Университи прв го победи лидерот Железарец, а висока победа забележа Црна Река над Партизан Југ, извештајот за овие натпревари можете да го прочитате овде.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 8 6 1 1 38 20 +18 19
2 КМФ КАРШИАКА 1996 7 5 0 2 36 28 +8 15
3 ФК ЦРНА РЕКА / КМФ 7 4 2 1 41 18 +23 14
4 КМФ ФУДБАЛ СТАРС-АУТО ВЕЛТ 7 4 0 3 36 25 +11 12
5 КМФ СЕЕ-УНИВЕРСИТИ 7 4 0 3 35 30 +5 12
6 КМФ ССК 1965 Скопје 7 4 0 3 36 38 -2 12
7 ФК Партизан Југ Брвеница / КМФ 8 3 1 4 49 51 -2 10
8 КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 7 2 2 3 19 23 -4 8
9 КМФ КРАТОВО 7 2 1 4 46 42 +4 7
10 КМФ КОНЗУЛИ Битола 8 2 1 5 23 39 -16 7
11 КМФ КАРАДАКУ 7 0 0 7 17 62 -45 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!