Втора лигаИнтервјуМагазинФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Ако некој ни понудеше 27 бода– ќе мислевме дека многу верува во нас“ – Дарко Крстески

Сподели
Сподели

Новаци ја затвори есенската полусезона со најдобар учинок во последната деценија – 27 освоени бодови, учинок од осум победи, три ремија и четири порази, како и одлична гол-разлика благодарение на само 11 примени погодоци, а постигнати 25. Тимот под водство на искусниот стратег Дарко Крстески, 54-годишен тренер од Прилеп со богато искуство во Новаци, Караорман, Победа, Пелистер, Тиквеш и 11 Октомври, одигра стабилна и борбена полусезона.

Во ексклузивно интервју за Спортска Мрежа, Крстески зборува отворено за проблемите, промените, растот на екипата и плановите за пролетниот дел.

  • Почетокот бил тежок, но тимот издржа

Крстески зборува за Спортска Мрежа со какви предизвици се соочувале пред почетокот на новата сезона, за неизвесноста, за стабилизацијата и влезот на приватниот спонзор кој донел стабилизација.

„Искрен да бидам значи 27 бода некој да ни понудеше ќе мислевме дека многу верува во нас, меѓутоа почетокот ни беше многу лош бидејќи се случуваа некои работи во клубот имаше преземање на финансискиот дел во клубот. Добивме нови спонзори во клубот меѓутоа, како се тоа се одвиваше ние со многу помал интензитет работевме на почетокот. Не знаевме ниту дали ќе продолжиме да се натпреваруваме во лигата. Меѓутоа се појави Евротип, Минт и Голд Филиција, работите се променија во минута, меѓутоа ние бевме свесни апелиравме до играчите дека не може никој да ни го врати времето за работата која требаше да ја одработиме. Сепак, фудбалот и фудбалот се жива материја и не можеме баш да реагираме некогаш така како што сме замислиле ние и како што знаеме. Ние сме поминале и такви периоди во било кој клуб, во било кој средини имало и такви периоди. Укажувавме на тоа меѓутоа знаете како работиме со многу помлади личности, така да не ни веруваа на некои работи дури не се види дека е средено сe’ во клубот не можеа да ни поверуваат. Меѓутоа го надминавме тоа само што имавме проблеми што моравме да се подготвуваме во текот на првенството – имавме некои падови на некои натпревари каде што мислам дека бевме и подобра екипа меѓутоа некои ситници не можеа да ни дозволат да оствариме резултат. Но, како што одминуваше првенството ние бевме се подобри и подобри. Ние дојдоа два три искусни играчи во екипата, добивме двајца тројца искусни играчи и го подобривме квалитетот и на игра меѓутоа пак ќе нагласам физичката подготвеност ни беше на едно завидно ниво и имавме натпревар каде што бевме одлични во првите 45 минути, веќе во вторите моравме да менуваме концепција моравме и стил на игра да променуваме. Вака или така кога ќе имате квалитет во екипата можете да избоксувате преку трка со противникот или да чекаме е сега се одлучувавме на некои мечеви да бидеме во подредена ситуација меѓутоа пак велам излегувавме максимум од секој играч, максимум од секој натпревар и од тука дојдоа и резултатите. 27 бода велам дека се многу добри и сега едноставно дадовме добра слика на спонзорите кои што мислам јас дека размислуваа во една позитивна насока. Меѓутоа сега имаме една пауза каде што треба да размислиме и тие и ние, да видеме дали можеме да ги напаѓаме тие места каде што може да не доведат до Прва лига. Меѓутоа, пак велам дека се’ уште не сме спремни меѓутоа ако ни се укаже прилика за такво нешто ќе го направиме и тоа. Сега ни преостанува зимскиот период да направиме мала реорганизација да видиме каде ни фали и што ни фали, да ја подготвиме што подобро екипата за пролетниот дел и да излеземе со тие водечките екипи кои што ги ценам ги почитувам поради тоа што имаат квалитет пред се тука се Брегалница, Беласица и Охрид, екипи кои имаат квалитет имаат еден добар стил на игра сите три екипи и мислам дека ти се претенденти за пред се за влез во Првата лига, меѓутоа најверојатно и кај нив имаше некои проблеми имаше успони и падови, добри и лоши резултати, меѓутоа што е тоа е – останува велам пак да се одмориме добро, овие зимски празници Нова година да ја дочекаме добро, потоа да размислуваме само на позитивно и мислам дека ќе имаме и ние добра пролет, бидејќи во клубот со реорганизацијата ќе имаме подобри услови за работа. Зимскиот дел знаеме дека условите за работа се потешки мислам дека спонзорите ќе ни обезбедат услови добро да се подготвиме и спремни дека ќе ја дочекаме пролетната полусезона.“


  • Одбраната – најсилниот дел од тимот

Крстески детално објасни како направиле стабилна дефанзивна линија, но зборуваше и за резултатите и за самата игра и тактика.

„Во одбраната го добивме Драгарски тука не зацврсти и покрај тоа што имавме двајца повредени играчи, тоа е Дарко Велјановски и Бојан Стефановски кои се повредија и на нив не можевме да сметаме. Меѓутоа дојде Драгарски и направивме некои комбинации и играчи кои што играа малку повисоко дали во средниот ред или во нападот ги претворивме едноставно во одбранбени играчи и со тоа малку може бевме уплашени, но испадна многу подобро од тоа што се надевавме. Торнески го вративме на десен бек, кој што не е десен бек, десен бочен играч високо игра, горе, напаѓач, така да изработи феноменално, а за Драгарски и за Андреј Петковски двајцата се со прволигашко искуство со голманот Никола Симоновски исто не смеам да го заобиколам кој што имаше одлична есен и од тука доаѓа тоа што имавме малку примени голови. Меѓутоа статистиката треба да ја следиме истата секогаш може да се подобри. На домашен терен сме добри меѓутоа јас мислам дека можевме да бидеме уште подобри на домашен терен бидејќи имаме загубено три до четири бода на домашен терен, меѓутоа освоиме бодови на гостински терен кои не беа планирани пример со Беласица каде што Беласица јас реков има феноменална екипа и единствена екипа која што јас признавам дека убедливо не надигра како екипа – што се однесува до тактички дел и технички дел доста поткована имаат на секоја позиција доста квалитетни играчи. Не можевме баш да одговориме меѓутоа Господ не награди со тоа што одигравме храбро за тие три бодови со Беласица.“

ФОТО: ФК Новаци
  • Планови за засилувања и подготовки

Искусниот стратег во интервјуто за Спортска Мрежа се осврна и на засилувањата, плановите и целите кои клубот ќе ги има за пролетниот дел.

„Што се однесува до засилувањата – да, размислуваме, најверојатно ќе имаме три до четири засилувања, но да нагласам треба да направиме една анализа во клубот, да видиме на кои позиции ни се потребни некои играчи и подготвени да бидеме за пролетниот дел. Играчите ќе имаат програмата за подготовки, а потоа некаде во средината од месец јануари ќе ги започни подготовките, дополнително ќе го утврдиме точниот датум.“

Новаци пролетната полусезона во Втората лига ја отвара со гостување во Прилеп каде ќе се соочи со Победа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров го доби дербито со Металург Автокоманда, осум гол за Емилија Ризоска!

Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва слават голема победа со која се враќаат на врвот од табелата во Суперлигата, откако со 31:27 го добија...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска конкуренција, убедлива победа и реми со два погодоци. Тимот на Баламов...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прв пораз за Железарец – Муртезани и Азизи херои на СЕЕ Университи

СЕЕ Университи е првиот тим кој го совлада досега непоразениот Железарец, откако...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втората лига, откако се комплетираше 15. коло?

Откако вчера во Радовиш се одигра последниот меч од 15. коло на...

Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Млад фудбалски бисер од Кочани: Петар Огнановски чекори сигурно кон голема кариера

Македонија добива уште еден млад фудбалски талент кој ветува блескава иднина. Петар...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Победничка “фотка” на Детонит Плачковица за успешно затварање на 2025 година

Екипата на Детонит Плачковица забележа минимална, но голема победа над Скопје од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!