Во недела, со почеток во 18:00 часот, ГРК Охрид ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер, во рамките на 17. коло од ракометната Супер лига.
Се очекува тешка, неизвесна и возбудлива средба, а тренерот на охриѓани- Борис Ројевиќ, за Спортска Мрежа го најави дербито. Притоа, нагласува дека краткото време за подготовка не ја намалува посветеноста на тимот да се даде максимум пред домашната публика.
Тој, исто така, истакнува дека противникот е исклучително тежок, но тимот ќе се обиде да се подготви најдобро што може. Ги повикува навивачите да си ги обезбедат билетите на време и да ја поддржат екипата, со цел Охрид да биде комплетен и на трибините и да им даде ветер во грб на своите играчи.
„Нè очекува исклучително тежок противник. Времето за подготовка е кратко, но ќе се обидеме да се подготвиме што е можно подобро. Ja повикувам публиката на време да си ги купи билетите, за охридската публика да биде во мнозинство и да им даде ветер во грб на нашите момци. Да го дадеме последниот атом сила и да се обидемe да дојдеме до победа.“ – изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.
Во недела од 18:00 часот, „Билјанини извори“ ќе биде арената каде ГРК Охрид ќе се обиде да го предизвика фаворизираниот Пелистер, а поддршката од трибините ќе биде клучна за мотивирање на тимот кон нова победа.