Ракомет

ВИДЕО: Чкембари со полноќен огномет – вардарци разбудени пред големото дерби

Сподели
Сподели

Битола уште од раните утрински часови живее за денешното големо ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Но, вистинската најава на дербито се случи многу пред првиот свиреж – точно во два часот по полноќ, кога навивачката група Чкембари подготви пиро-акција пред хотелот каде што престојува вардаровата експедиција.

Со силна бучава, огномет и автомобилски сирени, битолските навивачи направија атмосфера која ретко се гледа на овие простори, обидувајќи се да го нарушат мирот на скопјани пред денешниот дуел.

Настанот го споделија на социјалните мрежи со следната порака:

„Нема мирна ноќ за вардарци. Утре ќе ве докрајчиме“, беше пораката од „Чкембари“.

Уште една потврда за огромната напнатост околу денешниот натпревар, кој може значително да го одреди текот на битката за титулата.

Еурофарм Пелистер го дочекува лидерот Вардар во преполна сала, а гостите пристигнаа во Битола уште вчера за да се подготват во мир – нешто што ноќеска очигледно не им беше дозволено.

Дали оваа „добредојде“ од навивачите ќе има психолошко влијание врз играчите на Вардар или, пак, ќе ги мотивира дополнително – ќе се знае вечерва од 18:00 часот, кога градот на конзулите ќе пулсира во ракометен ритам.

Спектаклот е загарантиран, а трибините ќе ги красат и Комитите, кои пристигнуваат да го бодрат својот клуб во едно од најжешките гостувања во првенството.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Чкембари со полноќен огномет – вардарци разбудени пред големото дерби

Битола уште од раните утрински часови живее за денешното големо ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Но, вистинската најава на дербито се...

Останато

Одличен настап на БК Бучим Радовиш на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград

Борачите на БК Бучим Радовиш, предводени од тренерот Влатко Анчев, имаа извонреден настап на меѓународниот турнир „Победник“, кој овој викенд се одржа во...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Прилеп – Алкалоид

Алкалоид како голем фаворит ќе гостува кај Прилеп во натпревар од 16....

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Куманово – Пролет

Екипата на Куманово на домашен терен ќе го бара третото славје против...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Тиквеш – Охрид

Вечерва во Кавадарци се игра натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид од 16....

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го големото македонско ракометно дерби во живо од Битола: Актуелниот шампион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!