Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026.
Европското првенство ќе се одржи во период од 19 јануари до 7 февруари во три земји – Словенија, Литванија и Летонија, каде ќе настапат 16-те најдобри европски репрезентации поделени во четири групи.
- Комплетни групи за ЕП во футсал 2026:
Група А
Латвија
Хрватска
Грузија
Франција
Група Б
Литванија
Ерменија
Чешка
Украина
Група Ц
Словенија
Белорусија
Шпанија
Белгија
Група Д
Италија
Унгарија
Португалија
Полска
- Македонските арбитри меѓу најдобрите 32 судии во Европа
На шампионатот ќе бидат делегираат 32 врвни европски футсал судии, избрани од вкупно 42 кои го минуваа последниот инспекциски и тест-семинар на УЕФА, одржан од 21 до 25 октомври. Ристовски и Младеновски успешно ги поминаа сите проверки – физички тестови, правилата на игра, анализи и технички задачи, што им обезбеди место меѓу најдобрите.
Ова е едно од најголемите признанија македонскиот футсал судиски колектив во последните години и уште една потврда за квалитетната работа на нашите интернационалци на европската сцена.