ФудбалФутсал

Владимир Трендафиловиќ е херој – Бутел го доби Балкан во меч со 13 гола!

Сподели
ФОТО: КМФ Бутел
Сподели

Бутел стигна до третото сезонско славје откако вечерва го доби дебитантот Балкан за комплетирање на седмото коло на Првата футсал лига со резултат од 9:4.

Заслуги за големата победа на Бутел има Владимир Трендафиловиќ кој постигна неверојатни пет гола во мрежата на Балкан, а пак двоен стрелец за домашниот тим е Лазар Пеев, додека пак по еден гол постигнаа Никола Илијоски и Кипријан Петрески.

За тимот на Балкан двапати погоди Ибрахим Алији, а пак по еден гол постигнаа Јусуф Сулејмани и Ерол Далип.

Бутел со десет бодови сега е четврти на табелата, а пак Балкан е седми со девет бодови на своето конто.

Во следното коло Бутел ќе гостува во Штип кај „фенерџијата“ Мал Ајакс, а пак Балкан дома го очекува тежок меч со шампионот Форца.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ Проект 7 7 0 0 58 12 +46 21
2 КМФ Форца 2015 7 6 0 1 50 25 +25 18
3 КМФ Кеги-Моби Велес 7 5 0 2 31 21 +10 15
4 КМФ Бутел 2022 7 3 1 3 27 28 -1 10
5 КМФ Клими Кавадарци 7 3 0 4 26 30 -4 9
6 КМФ Јувентус Серава 7 3 0 4 30 39 -9 9
7 ФК Балкан 2017 / КМФ 7 3 0 4 42 60 -18 9
8 КМФ Осогово 2022 Крива Паланка 7 2 0 5 37 54 -17 6
9 КМФ Шкупи 1927 ДОО 7 1 1 5 29 47 -18 4
10 КМФ Мал Ајакс 7 1 0 6 30 44 -14 3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026. Европското првенство ќе се одржи...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни – непоразениот лидер Проект е неприкосновен со максимални 21 бод со...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни...

Втора лигаФудбал

Игор Иванов ќе им суди на Детонит Плачковица и Скопје

Со натпреварот во Радовиш кој ќе се одигра в петок меѓу Детонит...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново со прво зимско засилување – пристигна Владимир Жоглев

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!