Втора лигаФудбал

Што значи мечот меѓу Тетекс и Кожуф и што ги очекува овие две екипи во ВМФЛ во есенскиот дел?

Сподели
Сподели

Екипите на Тетекс и Кожуф денес ќе ги одмерат силите во Тетово во одложениот меч од 14. коло на Втора лига, двете екипи ќе одат на мегдан за трите бодови.

До крајот тетовскиот и гевгелискиот тим ќе одиграа два меча односно за нив во игра се шест бодови. Што значат овие шест бодови.

За Тетекс шест бодови значат дека може да бидат десетти на табелата, сега тимот е на 11. место со 13 бодови, па така би бил десетти со 19 бодови, односно да се помина Саса која сега десетта со 17 бодови.

Но, излез од бараж зоната нема, без разлика на резултатите „штофарите“ ќе останат во бараж зоната за опстанок, меѓутоа ќе имаат значително полесна пролет.

Кожуф има можност за напредок од неколку позиции, тимот сега е на деветтото место или во бараж зоната со 20 бодови, а има можност да стигне до 26 бодови. Што ќе значи тоа?

Тимот од Гевгелија би можел да прогресира до шестото место, но зависи од мечот меѓу Осогово и Новаци, како и од мечот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Скопје.

Во секој случај тимот на Иван Варадиновски ќе има можност да прогресира на табелата и да биде во топ осум односно да ја напушти бараж зоната.


Во меѓусебните дуели на овие две екипи од 2017 година досега – Тетекс бил трипати поуспешен, Кожуф двапати, а две средби завршиле без победник.

Од овие седум меѓусебни пресметки четири биле во рамки на Втората лига, две во Купот, а еден меч бил пријателски. Традицијата вели дека секогаш имало најмногу два погодоци, а просекот по меч е нешто под 5 погодоци.

Најмногу голови имаше на 30 септември 2023 година кога во Гевгелија екипата на Тетекс го доби Кожуф со 3:4, најголема победа има Кожуф од 4:1 во меч одигран на 3 декември 2022 година, најмалку погодоци имаше на 30 март 2024 година кога двете екипи одиграа 1:1.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата на Шкупи ги игра своите последни натпревари во Првата лига, со...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор во трката за првото место. Разликата во однос на Вардар сега...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор...

Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!