Овој викенд се одиграа натпреварите од петтата рунда од Општинската фудбалска лига Гази Баба или Четврта лига, а во рамки на истата видовме рунда која беше ефикасна од аспект на погодоци.
Маџари Солидарност на домашен терен беше поразена од Марино со резултат од 0:2, натпревар кој беше решен во вториот дел од мечот, откако во првиот дел немаше погодоци (0:0). Фејзула во 60. минута погоди за 0:1, а во судиското надополнување Младеновски ги постави конечните 0:2.
Бујковци го доби поранешниот третолигашот Илинден во вториот дел со 3:0. Антевски постигна гол за 1:0 во 48. минута, а пак Аземи во 85. минути погоди за 2:0, по што Илинден во судиското надополнување прими уште еден гол откако Антевски стрелаше за конечните 3:0 со втор гол.
Миладиновци со 3:2 славеше над ланскиот третолигаш Петровец на домашен терен во меч каде Мемети и Трајчевски стрелаа за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Јованов намали на 2:1, но затоа Бојоквски во 69. минута одново зголеми на 3:1. До крајот на мечот Петровец само го ублажи поразот на конечни 3:2.
Ниту хет-трикот на Илчо Мојсоски не помогна за победа на Инџиков кој загуби од Гоце Делчево со 3:4 во меч каде за гостинскиот тим стрелци беа Алексов, Николовски, Блажески и Мирков.
Ускуп на домашен терен доживеа пораз од Долно Коњари со резултат од 1:3 во натпревар каде Ибраимов беше стрелец за домашниот тим, а пак за гостинскито Качар стрелаше двапати, а еднаш Растодер.
Во однос на табелата Долно Коњари е прв со 13 бодови, втор е Марино кој има 12 бодови, а на дното се Ускуп и ланскиот третолигаш Петровец со по еден гол. Екипата на Скопско Поле пред почеток на сезоната се откажа од натпреварување.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ ГАЗИ БАБА – ЧЕТВРТА ЛИГА: