Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Брегалница на рутина славеше над младата Победа во Прилеп со четири гола!

Сподели
Сподели

Младата Победа немаше сили за силната Брегалница – „сините“ со 0:4 славеа над прилепчани на „Гоце Делчев“ во меч од 15. коло на Втората лига. Победа настапи со дури десет младинци во првиот тим, а во вториот состав беа сите младинци, односно под 21 година.

Без многу мака четата на Влатко Костов на искуство и како на тренинг го доби мечот, а на полувреме резултатот беше 0:2.

Хусеин Демири во 22. минута го отвори резултатот, а веќе во 33. минута Брегалница имаше 0:2 со голот на Давид Калпачки. Со два гола предност на полувреме Победа беше свесна дека ќе биде многу тешко и дека нема капацитет за изненадување.

Дино Михолов во игра влезе во 52. минута и веќе во 75. минута постигна гол за 0:3, а пак младиот Даријан Тасев постигна гол по огромна и катастрофална грешка на младиот Мартин Митрески, Тасев успеа да ја пресече топката и без проблеми го совлада Марко Николоски, кој по четврти пат ја вадеше топката од својата мрежа.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!