Трета лигаФудбал

Секулоски со четири гола го декласираше Евротип, голема победа за Славеј, победи за Кравари и Кораби

Сподели
ФОТО: ФК Славеј Мешеишта
Сподели

Денес се комплетираше седмото коло кое беше отворено вчера со победата на Преспа од 0:1 над Велешта за што информираше Спортска Мрежа.

Ланскиот второлигаш Караорман во Струга загуби од ланскиот шампион Кораби кој не го помина баражот за Втора лига со резултат од 1:4.

Колоња беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Леши и Трапи, а пак за домаќинот гол постигна Миноски.

Искусниот голгетер Никола Секулоски со четири погодоци сам го победи Евротип на гостински терен, во меч се седум погодоци Сатеска од Волино славеше со 3:4. За домашниот тим стрелци беа Кузманов, Грујовски и Јанакиевски.

Со голот на Петар Крцоски во 44. минута Славеј во Мешеишта славеше минимална но голема победа над Демир Хисар.

Кравари запиша лото победа над Светлост од Кукурешани во меч кој заврши со резултат од 7:0. Емини постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Мерсими, Марцевски, Котевски и Кабаковски.

Влазними во финишот од мечот односно во 89. минута преку Насер Доко дојде до победа над Света Троица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!