Осмото коло од Трета лига – Запад беше отворено вчера со победата на ланскиот шампион Влазерими од 0:2 над некогашниот прволигаш Ренова со што екипата на Кичево која две години во низа не го поминува баражот за Втора лига е на врвот од табелата со 19 бодови.
Во Џепчиште во првиот дел немаше погодоци (0:0), а во второто полувреме Сутки Муслија постигна гол за 0:1 во 60. минута, а седум минути подоцан Мирлинд Ибраими постигна гол за конечни 0:2.
Во однос на табелата Влазерими е прв со 19 бодови, Тетекс е втор со 16 бодови, со тоа што „штофарите“ денес играат со Вардар Брвеница, но ќе имаат и уште еден меч помалку во однос на Влазерими.
Денес во 12 часот се игра дербито кое го најави Спортска Мрежа во Брвеница меѓу Вардар Брвеница и Тетекс, во 13 часот Напредок го пречекува Зајази, во 14 часот Камјани против Речица, а пак Љуботен против Влазерими од Слатино, додека пак во 14:30 часот Доброшти против Џепчишти.