РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските натпревари за ЕП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 21 година од денеска го започна подготовките во Охрид за претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство.

Селекторот  Горан Станиќ веќе го одржа првиот тренинг со своите избраници, а репрезентативците во наредните денови ќе продолжат со интензивни подготовки за соочувањата со Шведска и Полска, кои ќе се играат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Македонскиот тим го очекуваат два тешки дуели, особено против Полска, која досега во квалификациите има максимален учинок – на четири натпревари постигнала 15 голови и не примила ниту еден. Првиот противник ќе биде Шведска, која доаѓа со три порази во низа. Во мечевите против Полска, Италија и Црна Гора, Швеѓаните примиле 12 голови, а не постигнале ниту еден.

Целта на нашиот тим е јасна – освојување бодови за подобрување на моменталната позиција на табелата. Досега, Македонија има една победа од четири натпревари, а првите бодови ги освои на домашен терен против Ерменија со 2:1.

Првиот натпревар го играме во четврток на 13 ноември против Шведска, а пет дена подоцна со селекцијата на  Полска.

И двата натпревари ќе се играат на стадионот Петар Милошевски во Битола со почеток од 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!