ФудбалФудбалска репрезентација

Македонија У15 со победа над Ерменија го заврши развојниот турнир во Албанија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години ја совлада Ерменија со 2:1 на последниот натпревар од развојниот турнир во Албанија. Избраниците на селекторот Горан Станковски турнирот го завршија со две победи и еден пораз, што им донесе второ место на табелата.

Нашите млади фудбалери одлично го започнаа натпреварот против Ерменија, откако уште во 3. минута Виган Таири погоди за водство од 1:0. Во вториот дел, Ариан Исаку во 52. минута го зголеми водството на 2:0, а противникот во последната минута само успеа да ја намали предноста.

Претходно, Македонија славеше над Косово со 1:0 на отворањето на турнирот, додека во второто коло минимално загуби од домаќинот Албанија (0:1).

Албанија ја освои првата позиција во групата, додека Македонија со две победи се пласираше на второто место.

Македонија до 15 години:  Јован Даноски, Андреја Блажев (76` Хамза Зубери), Калин Аврамовски, Ариан Исаку (76` Дин Рожајац), Ејман Емини (82` Филип Богоевски), Фисник Амити (82` Диар Ајрулау), Васко Трајков (46` Павел Димоски), Доротеј Христов (46` Драган Петков), Стефан Стојановски (63` Амар Незири), Виган Таири (63` Борис Матески), Јован Јанчевски (63` Дијар Алиу);

Селектор: Горан Станковски

Албанија У15 се закити со првото место на турнирот, а македонската репрезентација заврши втора со биланс од две победи и еден пораз.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!