Втора лигаФудбал

Левески ќе им суди на Скопје и Преспа, Јовановски главен во Радовиш, Тодоровски патува во Охрид!

Сподели
Сподели

Утре се играат натпреварите од вонредното 11. коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.

Ненад Тодоровски ќе им суди на Охрид и Тетекс, меч кој се игра на стадионот „Билјанини Извори“, а негови помошници ќе бидат Тамара Цветановиќ и Виктор Трифуновски, а пак Фатмир Бафто ќе биде четврт судија. Цветко Костовски ќе биде делегат, додека пак Зоран Костоски ќе биде контролор.

Димитар Левески ќе биде главен во Автокоманда каде ќе се соочат Скопје и Преспа, а ќе му помагаат Јован Анѓелкоски и Стефан Петрушевски, додека пак Бенарт Зеќири ќе биде четврт судија. Деан Марковски ќе биде делегат, а Златко Неделкоски ќе биде контролор.

Дени Левески ја доби довербата да ја дели правдата на натпреварот меѓу Големо Коњари и Каменица Саса, а помошни судии на овој меч ќе бидат Јовче Кокевски и Николче Дрнковски, а пак четврт судија е Дарко Котевски. Делегат на средбата ќе биде Фатмир Салаи, а пак контролор е Илчо Јорданоски.

Во Радовиш ќе се сретнат Детонит Плачковица и Новаци, а Јордан Јовановски ќе биде главен судија. Негови помошници ќе бидат Петар Манчев и Славе Станисавовски, а пак Блаже Петковски ќе биде четврт судија. Делегат на средбата ќе биде Диме Наумчевски, а пак Васил Клочовски ќе биде контролор.

Дејан Младеновски ќе им суди на Слога Виница и Брегалница, во меч каде помошни судии ќе бидат Милан Петров и Виктор Здравев, а пак Александар Василевски ќе биде четврт судија. Столе Тошев ќе биде делегат, додека пак Ѓорги Карајанов е контролор на овој меч.


Беласица дома ќе игра со Вардар Неготино, делител на правдата ќе биде Иле Никодиноски, а негови помошници ќе бидат Иван Ивановиќ и Шенол Шаботиќ, а пак Дарко Стојанов е четврт судија. Тони Петков ќе биде делегат, а Сашо Иванов ќе биде контролор на оваа средба.

Ангелчо Ристов ќе биде задолжен да дели правда на натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Кожуф, а негови помошници ќе бидат Ване Дупкаров и Ване Данилов, а пак Ангел Гелов ќе биде четврт судија. Ненад Маркоски ќе биде делегат, а Сашко Ангелов е контролор.

Во Кочани главен судија ќе биде Димитар Пилешков, а ќе им суди на Осогово и Победа. Негови помошници ќе бидат Филип Ицковски и Бесар Абдули, а пак Здравко Костовски ќе биде четврт судија. Никола Мицановски ќе биде делегат, а пак Бурханедин Салихи е контролор.

Сите натпревари од вонредното 11. коло на Втората лига ќе започнат во 13:30 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина, притисок, но и огромна можност за успех. Во пресрет на реваншот...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж дуел со...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!