Прва лигаФудбал

Грујоски го доби дербито меѓу Пелистер и Вардар, Трпчевски главен во Струмица, Ѓоргиев патува во Скопје

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре започнува 12. коло од Првата македонска фудбалска лига, а со тоа ги имаме официјалните лица и судиите кои се задолжени да ја делат правдата на натпреварите.

Програмата започнува утре со натпреварот меѓу Арсими и Башкими, кој ќе се игра со почеток од 13:30 часот. Главен судија ќе биде Фуркан Идризи од Тетово, со помошици Вјолца Изеири од Гостивар и Имран Абази. Четврти судија е Александар Урошевиќ, оператор за повторување на снимка е Жарко Пејковски, а во ВАР собата ќе бидат искусните Игор Стојчевски и Гоце Петрески. Делегат на мечот е Кранли Емин, а контролор Бранко Манојлоски од Берово.

Во вторник се играат два натпревара. Работнички ќе ја пречека екипата на Тиквеш, а судиска четворка ќе ја предводи Стојанче Стојанов од Штип. Негови помошници се Дарко Видиниќ и Мартин Дејаноски, четврти судија е Бењамин Ќерими, а во ВАР собата ќе бидат Благојче Ралевски и Владимир Митревски, оператор за повторување снимка е Васев Виктор, делегат Ѓорески Зоран а контролор на мечот ќе биде Ставрев Александар.

Вториот натпревар е дуелот меѓу Македонија ЃП и Струга Трим Лум, со главен судија Крумислав Ѓоргиев од Штип. Ќе му асистираат Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев, додека четврти судија ќе биде Димитар Пилешков, во ВАР собата се Урошевиќ Александар и Трјаков Борис, оператор на снимка е Диме Димовски, делегат Ташев Ангел а контролор за судењето Димитар Мечкаровски од Скопје.

Во среда ќе се одиграат последните два натпревара од колото. Брера на домашен терен ќе го пречека Силекс, со главен судија Стојанче Трпчевски, нему ќе му помагаат Трпчевски Драган и Петрески Гоце, четврти судија ќе биде Марјан Младеновски, а во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Мартин Петковски, оператор на снимка е Деан Стефков, делегат Николовски Тони а контролор на судиите е Караколев Никола од Штип.

Под рефлектори во Битола, со почеток од 17:00 часот, ќе се одигра дербито меѓу Пелистер и Вардар. Главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, со помошниците Дарко Јовчески и Александар Ѓорѓески. Четврти судија е Пларент Салихи, а ВАР судии се Бењамин Ќерими и Дарко Видиниќ, оператор на снимка Мукоски Петар, делегат е Блажовски Драган а контролор за судењето на натпреварот е Јосип Бартон.

Натпреварот помеѓу Шкупи и Шкендија е одложен за 15.11.2025,  поради европските обврски на шампионот од Тетово, кој треба да го одигра својот меч против полскиот тим Јагјелонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!