Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Новаци го шокираше Големо Коњари со гол уште во 23. секунда!

Сподели
Сподели

Само 23 секунди беа доволни за екипата на Новаци да поведе со 1:0 на домашен терен против Големо Коњари – погодок што без сомнение е еден од најбрзите во историјата на Втората лига, а дефинитивно најбрз во тековната сезона.

По нафрлена топка кон шеснаесетникот, Антонио Марцевски успеа да ја испрати во опасната зона, а при обид да интервенира, фудбалерот на Големо Коњари Амил Табаковиќ несреќно ја смести топката во сопствената мрежа.

Новаци со овој автогол доби рана предност и самодоверба во дербито на Пелагонијата, каде што домашниот тим важеше за изразен фаворит.

Екипата на Новаци веќе има водство од 3:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, но и последниот меч во...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици во Супер лигата, во рамки на третото коло тимот на домашен...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Шкендија и Башкими, Доне Ристовски на Вардар и Шкендија Арачиново

Познати се судиите и официјалните сите за четири од пет натпревари од...

Прва лигаФудбал

Осмото коло во ПМФЛ со пет натпревари во пет дена, два дуели под рефлектори

Осмото коло од Првата македонска фудбалска лига ќе донесе интересна динамика, со...

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!