Втора лигаФудбал

СОСТАВИ: Слога Виница со младинци и против Вардар Неготино!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Слога Виница се соочува со големи проблеми, а последно е тоа што првотимците го напуштија тимот поради неисплатени плати, па така Слога на претходниот натпревар на домашен терен настапи со младинци против Кожуф, меч кој го загуби со 0:2.

Но, тимот од Виница и денес ќе настапи со младинци, првотимците дефинитивно не се враќаат во тимот, па за Слога Виница ова ќе биде силен удар од играчки кадар барем до крајот на есенскиот дел.

Денес тимот од Виница во Неготино доаѓа со дури осум младинци во првиот тим, што ќе биде навистина тешко за освојување на бодови на популарната „Цвај арена“ во Неготино, па за Вардар ова е идеална шанса да освои три бодови.

Ниту Емил Грнев не е повеќе тренер на Слога Виница, кој после поразот од Победа во Прилеп си замина од тимот, а Слога и денес ќе ја води Дејан Михајлов, останува само прашањето дали тој ќе ја води екипа и во иднина или ќе биде само привремена опција.

  • СОСТАВИТЕ НА ВАРДАР НЕГОТИНО – СЛОГА ВИНИЦА:

ГФК ВАРДАР НЕГОТИНО
ПРВ СОСТАВ
  • 1 Стојанов Јован GK
  • 3 Јордановски Матеј
  • 4 Лембовски Ристе CP
  • 6 Донов Дарко
  • 7 Нејкоски Мартин
  • 8 Ристов Борис
  • 11 Тодоров Оливер
  • 14 Камчев Стојанче
  • 20 Костадинов Невен
  • 30 Ставров Блаже
  • 99 Младеновски Мартин
ИГРАЧИ НА КЛУПА
  • 10 Керими Метин
  • 15 Димов Стефан
  • 17 Митрев Дане
  • 22 Симијановски Мирко
  • 69 Апостоловски Илија
  • 77 Казимов Аделин
  • 81 Смилков Марјан

ФК СЛОГА 1934 ВИНИЦА
ПРВ СОСТАВ
  • 12 Краљевски Максим GK
  • 2 Воинов Андреј
  • 6 Дончев Андреј
  • 9 Амедов Октај
  • 8 Воинов Михаил
  • 11 Пецов Роберт
  • 13 Илиев Александар CP
  • 18 Сали Булент
  • 21 Ристов Христјан
  • 23 Спасов Давид
  • 33 Андреев Андре
ИГРАЧИ НА КЛУПА
  • 5 Здравков Драгослав
  • 8 Пејчинов Мартин
  • 13 Данев Филип
  • 17 Ѓорѓиев Дино
  • 20 Колишев Бојан
  • 77 Спасовски Наум

На клупата за резерви екипата на Слога Виница има и еден ветеран, кој е роден 1964 година, се работи за Драгослав Здравков.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!