Прва лигаФудбал

Судиската комисија по дербито Вардар – Силекс: Две судиски тешки одлуки за проценка, но правилни

Сподели
Сподели
На натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, помеѓу екипите на Вардар и Силекс, беа анализирани две судиски одлуки кои по природа се тешки за проценка и се предизвикувачки ситуации.
Во 85. минута, гостинскиот голман интервенира надвор од казнен простор, но неуспешно, без посед и контрола на топка, неспортски и намерно блатантно со двете раце го задржува противничкиот напаѓач. Без дилема очигледен прекршок, при што во тој момент голот на гостинската екипа е празен (небранет), а голманот нема можност да интервенира. Главниот судија има целосна контрола и добро ја антиципира ситуацијата по што покажува директен црвен картон за гостинскиот голман, правилно.
Во втората ситуација, 90+6 минута, главниот судија има блокирано видно поле поради поставеноста на играчите и природно не може да види игра со рака од гостинскиот одбранбен играч при една високо нафрлена топка во казнениот простор. ВАР судиите правилно интервенираат и по преглед на снимка на терен од страна на главниот судија е досуден пенал за домашната екипа поради играта со рака која во моментот на контактот е во неприродна положба, одвоена од телото во висина на рамото, одбранбениот играч со ваквото неприродно движење на раката презема ризик.
Пенал без дисциплинска мерка е правилна судиска одлука. Судискиот одбор ја потврдува исправноста на двете клучни одлуки на натпреварот.ВАР системот повторно се потврди како клучна поддршка за судиите во носењето точни и правични одлуки во најважните моменти од натпреварите.

ВАР системот повторно се потврди како клучна поддршка за судиите во носењето точни и правични одлуки во најважните моменти од натпреварите.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!