Втора лигаФудбал

Сашко Ристов главен во Прилеп, Игор Стојчевски ќе им суди на Брегалница и Детонит Плачковица

Сподели
Сподели

Утре се играат натпреварите од 10. коло на Втората фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Дербито на колото се игра во Штип каде под рефлектори ќе се соочат Брегалница и Детонит Плачковица, а овој меч ќе го суди Игор Стојчевски, додека пак негови помошници ќе бидат Дејан Димитријевиќ и Филип Николов, а пак Марјан Дејаноски ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата во Штип ќе биде Зоран Христовски, а пак контролор ќе биде Дејан Неделкоски.

Останатите натпревари ќе се одиграат во 13:30 часот.

Дејан Младеновски ќе им суди на Тетекс и Осогово, а негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Горан Милошевски, а пак Марјан Младеновски ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата во Тетово ќе биде Дејан Тасески, а пак Горан Манасиев ќе биде контролор.

Сашко Ристов ќе биде главен судија на натпреварот во Прилеп каде ќе ги одмерат силите Победа и Шкендија Арачиново, а помошници ќе бидат Давор Дишлиевски и Кирил Манчев, додека пак Јордан Јовановски ќе биде четврт судија.

Делегат на мечот ќе биде Лазар Проданов, а пак Илир Сеља ќе биде контролор. Комесар за безбедност на овој натпревар ќе биде Славко Дукоски.

Бардхиљ Ибраими ќе биде главен во Гевгелија каде ќе се соочат Кожуф и Беласица, негови помошници ќе бидат Хабиљ Љиворека и Метин Османи, а пак Блаже Петковски ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата ќе биде Трајче Шопов, а пак Горан Ангелески ќе биде контролор.

На „Цвај арената“ силите ќе ги одмерат Вардар Неготино и Слога Виница, а правда ќе дели Борче Павловиќ, а негови асистенти ќе биде Александар Николоски и Стефан Стојановски, а пак четврт судија ќе биде Ненад Тодоровски.

Делегат ќе биде Мерсим Зендели, а пак Аце Миноски ќе биде контролор.

Никола Петковски ќе го води натпреварот меѓу Новаци и Големо Коњари, а негови помошници ќе бидат Александар Ѓурковски и Станко Митровиќ, а пак Кирил Смоквоски еќ биде четврти.


Зоран Гелов ќе биде делегат, а Бранко Величковски контролор.

Каменица Саса на домашен терен ќе се соочи со Скопје, а за главен судија е делегиран Боби Величков, додека пак помошници ќе бидат Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов, а пак Игор Иванов е четврт судија.

Жанко Савов ќе биде делегат, а Дејан Јакимовски контролор.

Преспа на домашен терен ќе се соочи со Охрид, а главен судија на овој натпревар ќе биде Владимир Ѓорѓиевски, негови помошници ќе бидат Николче Дрнковски и Дарко Василевски, а Дарко Котевски ќе биде четврт.

Делегат на мечот во Ресен ќе биде Беким Шеји, а Зоранчо Темелков контролор.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!