Трета лигаФудбал

Утре во Валандово се игра одложениот меч меѓу Победа и Дојранско Езеро

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Утре на Градскиот стадион во Валандово ќе биде одигран одложениот натпревар меѓу Победа Валандово и Дојранско Езеро, меч од 6. коло на Трета лига – Исток.

Натпреварот ќе започне во 13:30 часот, а цената на билетот изнесува 100 денари.

„Ова е заостанат натпревар, па затоа ќе се одигра во овој термин. Дојдете и бидете поддршка за нашите момци.
Само еден тим, само еден град. Само Победа, само Валандово“, велат од клубот.

Победа Валандово со поддршка на публиката и верните „калинкари“ ќе бара продолжува на победничката низа и со тоа да продолжи да го трасира патот кон баражот за Втора лига. Домаќинот ќе ја има улогата на фаворит за трите бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Швајцарија е вториот ривал на Македонија У19, турнирот почнува в среда во Турново

Македонија до 19 години утре од 13 часот ќе ја пречека Северна Ирска на стадионот „Кукуш“ во Турново. Тоа е првиот од трите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија мора да победи во Глазгов за да остане во трката за опстанок без бараж

Македонија в петок, на 13 ноември, ѝ гостува на Шкотска со јасна задача. Само победа во Глазгов ја остава во трката за третото...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!