РакометРакометна репрезентација

„Јапонија е противник по мерка“ — Лазаров пред подготовките за Европското Првенство

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Ракометната репрезентација на Македонија ги започна завршните подготовки за настапот на Европското првенство што ќе се одржи во јануари. Извлекувањето не беше најповолно, па нашата селекција ќе игра во групата во Хернинг, заедно со домаќинот Данска, Португалија и Романија.

Како дел од подготовките, македонските ракометари ќе одиграат два контролни натпревари против репрезентацијата на Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров нагласи дека овие дуели ќе послужат за пробување нови работи и за подготовка пред големиот собир:

„Натпреварот со Јапонија го договоривме уште во летниот период. Ми се допаѓа нивниот стил на игра — брз и динамичен ракомет — и овие два пријателски дуели ќе ги искористиме за да пробаме работи што ни недостасуваа во минатото и да се подготвуваме за уште едно големо натпреварување. Јапонија е противник по мерка за тоа“.

Исто така, тој истакна и дека ќе им даде шанса и на некои помлади ракометари:

„Ќе испробаме некои нови работи и ќе имаме јасни цели на што мораме да внимаваме за да видиме до каде сме. Воедно, ќе дадеме шанса и на некои помлади ракометари. Деновите ќе ги искористиме максимално, со пет тренинзи и два натпревари, насочени на детали“, -додаде Лазаров.

Првиот натпревар со Јапонија се игра на 30-ти Октомври во Автокоманда и ќе биде од затворен тип, а вториот е на 1-ви Ноември в сабота и ќе се игра во спортската сала во Куманово.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Висла Плоцк загубија со минимални 33-32 (16-13). Македонскиот...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга и впишаа нови бодови во домашниот шампионат. Скопскиот тим славеше со...

Поврзани написи
Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!