Ракомет

Марија Анчева која е најдобар стрелец од минатата сезона во Суперлигата доби репрезентативен повик!

Сподели
Сподели

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на повикани ракометарки за настап на „Тројфе Карпати“.

Грчевски повика 22 ракометарки, а тоа што е новитит е дека репрезентативен повик доби и најдобриот стрелец во женската суперлига за минатата сезона, Марија Анчева од штипски Астибо.

Анчева за која постојано потенциравме дека заслужува репрезентативен повик, истиот конечно пристигна и штиската ракометарка ќе биде на репрезентативниот собир.

Селекторот се одлучи да ги повика Михаела Кралева, Марија Јанкуловска и Сара Миновска од Металург Автокоманда, Катерина Дамјаноска од Ѓорче Петров и Бојан Диневска од Чаир, а на списокот ги нема Емилија Ризоска, Марија Тасевска, Ивана Арсениевска и Леонида Гичевска во однос на претходниот повик.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 21. октомври во 9 часот, а пак „Трфеј Карпати“ ќе се одржи во период од 25. до 27. октомври во романски Клуж, а Македонија ќе игра против Романија Словачка и Швајцарија.

Собирот ќе биде во салата „Антон Димитров“ во скопски Бутел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!