РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби од Црна Гора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на гостувањето во Црна Гора забележа уште еден пораз. Овој пат нашите надежи се совладани со 3:2.

Избраниците на селекторот Станиќ на полувремето водеа со 0:1 но во вториот дел домашните за релативно краток период постигнаа три гола. Ова е трет пораз на Македонија по стартните против Полска односно Италија, а имаме и еден триумф против Ерменија на домашен терен.

Првиот наш обид кон противничкиот гол беше на Меметриза Хамза, кој одлично шутираше со лева нога, но голманот Радановиќ интервенира. Корнерот кој што беше изведен потоа донесе водство. По краткото проигрување, токму Меметриза Хамза нафрли одлично, а Мелиќи на петерецот највисок, погодува во десниот агол на Радановиќ.

Домашните се обидоа на два пати, со удари од надвор од шеснаесетникот, но и со удар од непосредна близина, но Васко Василев во првиот дел одличен и сигурен.

Нашата најголема шанса за двојно водство пристигна по двојното проигрување на Дашмир Елези, кој од непосредна близина на голот на Радановиќ, убаво шутираше од прва, но црногорскиот голман овој пат на висина на задачата.

На спротивната пак страна Вуканиќ последен се закани, но по акцијата од лево и одличното проигрување за него, играчот на Будуќност шутираше над голот.

Во 54 минута Димитар Трајков се обиде од полудистанца со лева, но Радановиќ повторно сигурен. Нешто што не може да се каже за нашиот голман, Васко Василев, кој што 56. Минута на ударот на Вуканиќ од свртување ја одби топката во својот петерец, а таму налета „деветката“ Перишиќ и реализираше за 1:1.

По израмнувањето на домаќинот, Македонија повторно се обиде да дојде до водство и се префрли на домашната половина. Тоа му овозможи на домаќинот да има простор на нашата половина за контра напади, а еден таков им донесе и водство. Мрваљевиќ одлично поведе на нашата половина, додаде за Јуковиќ, а овој со финта се намести на десна нога и шутираше неодбранливо за 2:1.

Тоа се случи во 68. Минута, за да веќе во 73. Домаќинот има 3:1. Вуковиќ нафрли од десно, топката стигна токму до Мрваљевиќ, а овој со помош на еден од нашите играчи во кој што удри топката постигна гол за двојно водство на домашните.

Македонија од ова не успеа да се врати во игра иако имавме минимални шанси на крајот од мечот. Истите ни ги донесе Димитар Трајков кој постигна гол во судиското продолжение. Сепак, немавме сила за да се вратиме резултатски комплетно.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Шампионот Вардар сигурен во Кавадарци, триумф над Тиквеш

Македонскиот шампион Вардар 1961 продолжува со максимален учинок во ракометната Суперлига. „Црвено-црните“ славеа на гостувањето кај ГРК Тиквеш со 35:27, во натпревар од...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје со победа над Ас Јунајтед, Речица преку Лана Спасовска го „прегази“ Кочани, реми на Пелистер и Саса

Скопје ја продолжува победничката низа откако во Струга славеше над Ас Јунајтед со 2:4, во натпревар од 7. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбалска репрезентација

ФОТО: Вардар конечно до првата победа, убедливи 4:0 против Тиверија Брера

Екипата на Вардар ја запиша првата сезонска победа во Првата женска фудбалска...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски со три испити за осум дена: Прво Русија, па Црна Гора и Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година влегува во интензивен репрезентативен период....

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!