Ракомет

Вардар стартува во Европската лига – Чупиќ и Георгиевски најавија борбен почеток!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометниот клуб Вардар 1961, вечерва (вторник, 18:45 часот) го започнува настапот во новата сезона од ЕХФ Европската лига, со натпревар на домашен терен против хрватскиот претставник Сесвете. Натпреварот во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде прва можност за „црвено-црните“ да ја потврдат формата и амбициите во меѓународната сцена.

На официјалната прес-конференција пред мечот зборуваа тренерот Иван Чупиќ и капитенот Гоце Георгиевски, кои ја пренесоа атмосферата од соблекувалната и очекувањата пред премиерниот дуел.

Тренерот Чупиќ истакна дека тимот е подготвен за борба и дека Вардар секогаш настапува со победнички менталитет.

„Вардар секогаш има победнички аспирации, без разлика каде игра. Ова е клуб со голема историја и знаеме дека мора да испорачаме резултат. Сесвете е млад и борбен тим, но ние играме дома, пред нашата публика, и тоа мора да биде предност. За нас е најважно да започнеме со победа, да собираме бодови и да одиме нагоре,“ – изјави Чупиќ.

Тој додаде дека натпреварите во македонската Суперлига се на високо ниво и дека конкуренцијата во домашното првенство им помага на ракометарите да се подготват за европските предизвици.

„Самодовербата расте, екипата добива облик, а секој меч е нова можност да покажеме што значи да се носи овој дрес,“ – нагласи стратегот на Вардар.

Капитенот Гоце Георгиевски, исто така изрази оптимизам и повика на поддршка од трибините.

„Стартува Европската лига, играме дома, со екипа која не ја познаваме најдобро, но сме фаворити. Трениравме одлично, спремни сме за ривалот. Сакам да ги повикам сите навивачи да не поддржат и заедно со победа да го отвориме ова натпреварување. Имаме големи амбиции и верувам дека ќе ги оствариме,“ – изјави Георгиевски.

Вардар оваа сезона ќе настапува во групата Ф од Европската лига, заедно со Тулуз (Франција) и Кристианштад (Шведска). Македонскиот претставник ќе се обиде со силен старт да го трасира патот кон следната фаза и да ја продолжи традицијата на успешни настапи во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!