Ракомет

„Одигравме два квалитетни меча и покажавме класа“ – Ѓорѓески ги сумира впечатоците од европскиот двомеч

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

По убедливиот двомеч со азербејџанскиот Баки, викендов, ракометарите на ГРК Охрид обезбедија пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Со доминантна игра на двата натпревари и висока победа на домашен терен, охриѓани ја потврдија својата класа и покажаа дека тимската хемија и дисциплината се нивната најголема сила.

 

ФОТО: ГРК ОХРИД

Голманот Даниел Ѓорѓески, еден од најискусните и најстабилните во редовите на „гладијаторите“, по завршувањето на двомечот ги сподели своите впечатоци:

  • Како би го сумирал двомечот со Баки — што, според тебе, го одлучи победникот?

,, Одигравме два квалитетни натпревари против екипата на Баки од Азербејџан, особено првиот натпревар, каде што го решивме пласманот во следната фаза, и докажавме и на терен дека сме доста поквалитетни и сакам да им честитам на момците за пласманот во следната рунда од Европскиот Куп. “

  • Каква беше атмосферата на теренот и во тимот во текот на натпреварите?

,, Атмосферата и во тимот, а и во текот на натпреварите беше одлична. Навистина уживавме во овие два меча од европски карактер, и искрено се надевам дека вака и ќе продолжиме понатаму. “

 

ФОТО: ГРК ОХРИД
  • Колку овој настап во ЕХФ Европскиот Куп ќе му помогне на тимот во натамошниот развој и самодоверба?

,, Сметам дека овој настап во Европскиот Куп е исклучително важен за нас и дека многу ќе ни помогне за подигнување на самодовербата и искуството во вакви натпревари. Исто така, на реваншот, и нашите младинци го почувствуваа теренот на еден натпревар од европско значење за нас, а тоа е исто така значајно. “

  • Какви се целите и амбициите на клубот во европските натпреварувања оваа сезона?

,, Целите и амбициите на клубот оваа сезона се големи – како во Европскиот Куп, така и во домашното првенство..така што сакаме да се пласираме што е можно повисоко, па зошто и да не го освоиме ова натпреварување. “

ФОТО: ГРК ОХРИД
  • На вториот натпревар можност да брани доби и вашиот помлад колега, Бојан Крстевски, кој постојано го бодревте од клупата. Тој, во своето деби, се закити со неколку одлични интервенции. Што би го советувал како поискусен голман во тимот?

,, Одлично е што на вакви натпревари можат да добијат шанса и нашите младинци. Тие секогаш ја имаат нашата поддршка, и мислам дека одлично си ја искористија својата шанса, особено мојот помлад колега – Бојан Крстевски. Би му порачал само да продолжи напорно да работи и мислам дека му претстои одлична иднина. “

ФОТО: ГРК ОХРИД

Со оваа двојна победа над Баки, ГРК Охрид ја заокружува втората рунда во Европскиот Куп на импресивен начин, покажувајќи зрелост, ширина во ростерот и нова генерација што расте зад поискусните играчи.
Тимот на Борис Ројевиќ ја потврди формата и амбицијата да оди чекор понапред, а пласманот во третото коло е уште еден доказ дека „гладијаторите“ се подготвени за нови европски предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

Ракомет

Савревски најави нов европски поход: „Минатата сезона испишавме историја, сакаме така да продолжиме!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а амбициите на „гладијаторите“ остануваат високи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!