Ракомет

Младост го „разнесе“ Овче Поле, Драчево има „страшен“ напад, Мулти Есенс пресилен!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фаворитите собраа нови високи победи во рамки на 5. коло во Првата ракометна лига, освен Вардар Неготино кој како што веќе објави Спортска Мрежа беше изненаден во Штип, каде загуби од Текстилец со 35:33. Извештајот од овој меч е достапен овде.

Младост во Богданци со 46:29 го декласираше во целост Овче Поле, кој немаше сили кај големиот фаворит. Најрасположен за погодоци кај домашниот тим беше Даниел Андоновски со осум гола, а пак шест имаше Душан Каркалашев. Кај гостинот од Свети Николе со по седум погодоци се истакнаа Стојанче Ристов и Кристијан Стаменков.

Мулти Есенс како на тренинг го совлада убедливо Кичево на гостински терен со 21:39. Скопскиот тим до големата победа го водеше Бобан Поповски, а пак кај домаќинот најпрецизен беше Стефан Стефановски со шест погодоци.

Драчево Јуниор има „страшен“ напад и до врв ја наполни мрежата на Партизан за убедлива победа од 53:26. Филип Дабевски беше прво име кај победничкиот табор со девет реализации, а пак седум имаше Александар Стојменов. Кај гостинот со осум погодоци се истакна Илија Пејковски.

Ѓорче Петров забележа пораз на гостувањето во Гостивар кај екипата на Јехона, која беше подобра со 25:22.


Со по осум гола Мојсе Тсески и Адис Салиу ја водеа Јехона до голема победа, а пак кај гостинот се истакна Бојан Чакалиќ со десет реализации.

Аеродром на домашен терен беше пресилен за Преспа, откако гостинот од Ресен загуби со високи 33:25. Бојан Божиновски за домаќинот беше прво име на листата на стрелци со осум погодоци, а пак кај тимот на Преспа најдобар беше Христијан Ристевски со 12 погодоци.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!