Трета лигаФудбал

ТАБЕЛА: Брегалница и Шкендија Арачиново израмнети на врвот, неколку екипи со значаен прогрес!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Шкендија Арачиново - Охрид
Сподели

По осум одиграни кола во Втората лгиа екипата на Брегалница е на врвот со 20 бодови, колку што има и Шкендија од Арачиново, која пак поради полошата гол разлика е на втората позиција. Двете екипи остануваат единствените кои не се поразени и по осум одиграни кола.

Беласица останува на третатата позиција откако забележа два порази во низа со 16 бодови, но сепак има четири бода негатива од водечките екипи и струмичани и натаму се блиску при самиот врв. Најмногу искористи Охрид во рамки на осмата рунда, па така популарните „рибари“ се пробија до четвртото место со 15 бодови, или пет помалку од првата позиција.

По 14 бодови имаат Скопје и Детонит Плачковица за делба на петтото место, а пак со по 13 бодови се три екипи односно Кожуф, Осогово и Новаци.

Каменица Саса со важен триумф над Преспа дојде до десеттото место со 10 бодови, а пак Вардар Неготино кој е во барж зоната на своето конто има девет бодови и се наоѓа на 11-тото место.

Во зоната за директно испаѓање промени нема, истата петорка и натаму. Тетекс и Победа имаат по седум бодови, а пак Слога Виница, Преспа и Големо Коњари со по три бодови се на дното од табелата.


Сите екипи по осум кола забележаа барем по еден триумф, најмногу имаат по шест екипите на Брегалница и Шкендија Арачиново, а токму овие две екипи се без порази, а пак со најмногу порази се Слога Виница, Преспа и Големо Коњари по вкупно седум порази, а токму овие три екипи имаат и најмалку победи, по само една. Во однос на самата гол разлика најмногу погодоци има постигнато Скопје, 21 гол, а најмалку примени имаат Брегалница и Кожуф по четири гола.

Негатива гол разлика имаат шест екипи, со најмалку постигнати погодоци е Големо Коњари, само три погодоци, а најмногу примени има исто така Големо Коњари, вкупно 27 примени погодоци.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 🔼 8 6 2 0 19 4 +15 20
2 ЗФК Шкендија Арачиново 77 🔼 8 6 2 0 16 5 +11 20
3 ФК БЕЛАСИЦА АД ➖ 8 5 1 2 16 9 +7 16
4 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 🔼 8 4 3 1 13 6 +7 15
5 ФК СКОПЈЕ АД ➖ 8 4 2 2 21 12 +9 14
6 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 🔼 8 4 2 2 11 5 +6 14
7 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 🔽 8 3 4 1 13 4 +9 13
8 ГФК ОСОГОВО ➖ 8 4 1 3 11 8 +3 13
9 ЗФК НОВАЦИ 2005 🔽 8 4 1 3 11 9 +2 13
10 ФК КАМЕНИЦА САСА 🔼 8 2 4 2 19 13 +6 10
11 ГФК ВАРДАР Неготино ➖ 8 3 0 5 13 24 -11 9
12 ФК ТЕТЕКС 1953 🔽 8 2 1 5 11 17 -6 7
13 ФК ПОБЕДА АД 🔼 8 2 1 5 10 23 -13 7
14 ФК СЛОГА 1934 🔽 8 1 0 7 7 13 -6 3
15 ФК ПРЕСПА 🔽 8 1 0 7 7 22 -15 3
16 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ ➖ 8 1 0 7 3 27 -24 3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Рамадани: Веруваме во нашите квалитети, сакаме позитивен резултат против Стругa

По победата во дуелот против Башкими, фудбалерите на Арсими во меч од 13. коло во ПМФЛ ги очекува гостување во Струга. Екипата од...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер 2

Струга на домашен терен ја очекува неизвесен натпревар против Еурофарм Пелистер 2, во рамки на 11. коло на ракометната Суперлига и двете екипи...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Рамадани: Веруваме во нашите квалитети, сакаме позитивен резултат против Стругa

По победата во дуелот против Башкими, фудбалерите на Арсими во меч од...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Пренос од натпреварите од 12. коло на Втора лига

Денес ќе бидат одиграни натпреварите од 12. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Радески главен во Порој, Салихи ќе им суди на Влазерими и Дрита

Осмото коло на Трета лига – Запад се отвара денес со два...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!