Ракомет

Ојлески: Убедлива победа и високи амбиции!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

По триумфот на ГРК Охрид против Баку со 44-11, Гоце Ојлески го пофали тимот за вложениот труд и убедливата победа.

Тој, во кратка изјава за Спортска Мрежа, истакна дека ракометарите не го потцениле противникот и влегле максимално подготвени во мечот, што резултирало со висока победа.

,, Честитки за момците, за залагањето и за убедливата победа. Мислам дека не го потценивме противникот, дека влеговме како што треба во овој натпревар и извојувавме една висока победа. Нашата цел е да стигнеме високо во Европската лига, колку што можеме подалеку, така што ја очекуваме ждрепката за третото коло и се надевам дека ќе прикажеме добра игра оваа сезона. “- изјави Ојлески.

Со овој резултат, Охрид ја потврди својата форма и сериозниот пристап кон европските натпревари.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!