Останато

Сребро за Милијана Релиќ на Г-1 Опен во Тирана

Сподели
ФОТО: Македонска таеквондо федерација
Сподели

Нашата најдобра таеквондо репрезентативка Милијана Релиќ продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена. Изминатиот викенд таа освои сребрен медал и додаде нови шест олимписки поени на своето конто, на Г-1 Опен турнирот во Тирана (Албанија), кој собра голем број врвни натпреварувачи од целиот регион и пошироко.

Релиќ, која моментално се наоѓа на одлична позиција на олимписката ранг-листа, беше слободна во првото коло. Во второто коло ја очекуваше сериозен предизвик – гркинката Теопула Сарванаки, која е светска вицешампионка од 2022 година во Мексико. По голема и неизвесна борба, македонската претставничка успеа да слави со 2:1 во рунди, покажувајќи голема борбеност и одлична тактичка подготвеност.

Во полуфиналето, Релиќ се соочи со Шпанката Елза Чарлс Секанел, која ја совлада со сигурен настап и уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма.

Во финалната борба ја очекуваше искусната Дора Мештровиќ од Хрватска, со која одигра неизвесен меч, но по тесен резултат ја заврши борбата со пораз и го освои сребрениот медал.

Овој нов успех е уште една потврда за напредокот на Релиќ, која во последните месеци бележи константни резултати на меѓународните турнири и се приближува кон самиот врв на европската и светската ранг-листа.

На крајот на овој месец, македонската таеквондо репрезентативка ќе го има и најголемиот предизвик оваа година – настап на Светското првенство во Кина, каде што ќе се обиде да стигне до уште еден голем успех и да ја продолжи победничката серија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!